Screenshot 2026 10 13

ОЕЦД: Сиромаштијата, семејните конфликти и несигурното домување се меѓу главните причини за бездомништвото

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја објави публикацијата „Што ги предизвикува бездомништвото и исклученоста од домување во земјите на ОЕЦД и ЕУ?“, во која се анализираат причините поради кои граѓаните остануваат без дом или се соочуваат со несигурни услови за домување.

Публикацијата, објавена на 11 септември 2026 година, се заснова на преглед на научната литература и споредливи меѓународни податоци. Таа покажува дека бездомништвото не е последица на една причина, туку произлегува од меѓусебното влијание на економски, општествени, институционални и индивидуални фактори.

Сиромаштијата и неповолните економски услови се меѓу главните причини за бездомништвото. Според ОЕЦД, недоволните приходи и економската несигурност значително го зголемуваат ризикот од губење на домот. Во одредени земји, дополнителен притисок создаваат високите трошоци за домување и состојбите на пазарот на недвижности, кои го отежнуваат пристапот до соодветно и финансиски достапно живеалиште.

Семејните конфликти и прекинот на партнерските односи претставуваат значајни причини за губење на домот. Истражувањето покажува дека нарушените семејни односи и разделбата можат да доведат до губење на стабилното домување, особено кога се придружени со економска несигурност и недостиг од алтернативни можности за сместување.

Овој наод е особено важен од перспектива на жените што претрпеле семејно насилство. За дел од нив, напуштањето на насилната заедница истовремено значи и губење на домот, особено кога немаат сопствени приходи, имот или можност самостојно да ги покриваат трошоците за домување. Затоа, пристапот до безбедно и долгорочно одржливо домување е важен предуслов за нивната економска независност и закрепнување.

Бездомништвото не значи само живеење на улица. ОЕЦД посебно укажува на распространетоста на таканареченото „скриено бездомништво“, кое ги опфаќа лицата што, поради немање сопствено живеалиште, привремено престојуваат кај роднини, пријатели или други лица. Според анализираните податоци, ваквите облици на бездомништво се пораспространети од живеењето на улица или престојувањето во прифатилишта, но остануваат недоволно истражени и евидентирани.

Ова сознание е важно и за препознавање на станбената несигурност кај жените по разделба или развод, кои можеби не се евидентирани како бездомни, но немаат трајно и сигурно решение за домување. Привременото сместување кај роднини или пријатели не значи дека нивната потреба од домување е решена.

Здравствените проблеми дополнително ја зголемуваат ранливоста. Истражувањето покажува дека здравствените состојби почесто придонесуваат за зголемување на ризикот од бездомништво во комбинација со други неповолни околности, отколку што претставуваат самостојна причина за губење на домот.

Недостатокот од сеопфатни податоци го отежнува креирањето ефективни политики. ОЕЦД укажува на ограничувањата на постојните истражувања и статистики, особено во однос на географската покриеност и недоволно утврдените причини за бездомништво. Потребно е подобро прибирање податоци за различните облици на станбена несигурност, со цел да се развиваат понасочени политики за превенција и поддршка.

Наодите од публикацијата ја нагласуваат потребата бездомништвото и станбената несигурност да се разгледуваат како прашања поврзани со сиромаштијата, социјалната заштита, здравјето и економската нееднаквост. Од перспектива на заштитата на жените што претрпеле насилство, ова дополнително ја истакнува важноста на поддршката што не завршува со обезбедување привремено засолниште, туку продолжува со решавање на долгорочните станбени и економски потреби.

Извор: OECD (2026), What is driving homelessness and housing exclusion in OECD and EU countries? A review of the literature and cross-national data, OECD Social, Employment and Migration Working Papers, No. 336, OECD Publishing, Paris.

Целосната публикација е достапна на: https://doi.org/10.1787/773baca1-en

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • 🚨НАЦИОНАЛНИОТ КАЛЕНДАР НА ЖЕНСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ Е ТУКА!

    ЧЕТИРИ СПОРТОВИ, ЕДНА ЦЕЛ А ТОА СЕ ПОЛНИ ТРИБИНИ ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! Четири спортови. Повеќе градови. Една заедничка цел – да ги наполниме трибините за женскиот спорт! Од октомври до декември 2026, најавуваме низа возбудливи натпревари во кошарка, фудбал, ракомет и одбојка, на кои на нашите спортистки им е потребна…

  • Трето продолжение на обуката на тренери за управување со животната средина

    На 29.10.2026 год. (четврток) во Велес извидниците од велешкиот одред кои што учествуваа на тренингот за тренери организираа трет настан на кој што присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”- Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ и учениците од СОУ “Јовче Тесличков“ во Велес  оддржаа презентација…

  • Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

    На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

    Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор