[Aggregator] Downloaded image for imported item #47779

Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на националната ТВ Алфа

На 1.5.2026 год. (петок), во утринската програма на ТВ Алфа во Скопје “Добо утро секое утро“  претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо како главни организатори на Вардарската регата, земаа учество во споменатата емисијата со водителот Ирена Цветановска.

За потребите на оваа утринска програма на ТВ Алфа , спометатите претставници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, во целот ја претставија историјата на Вардарска регата Гемиџии, соеаботката со Солунските извидници како партнери во Републоика Грција, културно забавната програма и сите значјна елементи поврзано со XXVI Вардарска регата “Гемиџии“ 2026.

Тие ја истакнаа и Целокупната делегирана надлежност од страна на Градоначалникот на Велес, г-дин Марко Колев и Советот на Општина Велес кон извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес. Во разговорот беше образложена програмата на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак , па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун.

Регата ќе се реализира од 18 до 23 јуни 2026 год. Во рамките на разговорот беа повикани и приватниот и државниот бизнис сектор за помош за реалзирање на регата.

The post Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на националната ТВ Алфа appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор