Корупција во здравството – Корупцијата одвнатре и однадвор – Согледувања на здравствените работници и соработници за корупцијата во услугите, вработувањето, унапредувањата и јавните набавки
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на имплементацијата на социјалните и економските права на ранливите групи граѓани во Република Северна Македонија. Организацијата ги зајакнува, мобилизира и активно ги вклучува граѓаните во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги.
Во фокусот на работата на ЕСЕ се промоцијата и унапредувањето на човековите права, со посебен акцент на здравствените права и правата на жените. Организацијата работи на решавање на итните потреби на ранливите групи, обезбедува правна и параправна помош и се залага за унапредување на законодавството и на јавните политики на национално, регионално и меѓународно ниво. Преку подготовка на анализи, препораки и „извештаи во сенка“, ЕСЕ придонесува кон поголема отчетност и одговорност на институциите и постигнување одржливи и долгорочни промени.
Извештајот е изработен во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ (проект број 25-SB6284), кој се реализира со поддршка од Expertise France, преку AFD – Agence Française de Développement.
Овој извештај е подготвен од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.
This post was originally published on this site

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47555](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/www-1.png)





![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47432](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/sitezaedno_prvi-maj-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47411](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/sitel_treta-1024x556-1-768x417.jpg)