Encode glavna
|

Јавен повик за учесници во граѓански лаборатории за иновација

Дали сакате да придонесете за подобрување на подобрување на начинот на кој разговараме за важни општествени и политички прашања, а притоа да бидете соодветно парично компензирани (50 евра за учество во две работилници)? Ве покануваме да учествувате во граѓански лаборатории за иновација во рамки на истражувачкиот проект ENCODE.

Што претставува ENCODE?

ENCODE е европски проект кој истражува како емоциите (среќа, надеж, страв, гнев и други) влијаат врз политиката, функционирањето на демократијата и довербата во институциите. Проектот ги поврзува граѓаните, експертите и организациите за заедно да создадат поотворен и попозитивен начин за разговор за општествени теми.

Што претставуваат граѓанските лаборатории за иновација?

Лабораториите се работилници каде учесниците:

  • Споделуваат лични искуства и видувања поврзани со различни општествени теми;
  • Дискутираат како политичките пораки влијаат врз нивното мислење;
  • Заеднички создаваат нови идеи и перспективи за подобро општество.

Во рамки на лабораториите, вие не сте испитаници, туку активни творци во процесот.

Цел на лабораториите

Лабораториите имаат за цел:

  • да разбереме подобро како емоциите влијаат врз политиката;
  • како да ги надминеме конфликтите без да ги бришеме различностите;
  • како да ја зајакнеме довербата во институциите;
  • да создадеме простор за слободно споделување на различни перспективи.

Кој може да се пријави?

Доколку имате над 18 години, без оглед на пол, етничка припадност, образование, занимање и вашите политички ставови, ве охрабруваме да се пријавите да учествувате во лабораториите.

Како ќе изгледа учеството?

Лабораториите се одвиваат во две одделни сесии, секоја во времетраење од два и пол часа, што се одржуваат во распон од неколку недели:

  • Прва работилница – разбирање на сегашноста – истражување на емоции, искуства и општествени тензии;
  • Втора работилница – замислување на иднината – заедничко креирање на нови перспективи за демократијата.

Активностите вклучуваат:

  • Споделување искуства и со нив поврзани емоции’
  • Вежби за градење доверба;
  • Креирање наративи.

Надомест

Сите избрани учесници ќе добијат паричен надомест за учеството, како признание за вложениот придонес и време.

Заштита на лични податоци

  • Сите споделени информации ќе бидат анонимизирани – сè што ќе споделите ќе биде без ваше име и нема да може да се препознае кој го кажал;
  • Податоците ќе се користат исклучиво за истражувачки цели;
  • Учесниците ќе имаат можност да ги проверат и потврдат резултатите.

Дополнителни информации

  • Работилниците се одржуваат на македонски јазик;
  • Времето на одржување е во попладневните часови за да не се попречени работните обврски;
  • Обезбедено освежување за времетраењето на работилниците;
  • Учество во безбедна средина каде сечиј придонес се третира со почит;
  • Нема „точни“ и „погрешни“ одговори – сечија перспектива е важна;
  • Учеството е целосно доброволно. Можете да се повлечете во секое време за време на сесијата без да дадете причина и без никакви последици. Исто така, можете да одберете да не одговорите на прашање или да не учествувате во некоја активност за време на работилницата.

Како да се пријавите?

Доколку сте заинтересирани, може да се пријавите на следниот линк. Пополнувањето на пријавата нема да ви одземе повеќе од неколку минути. Рокот за пријава е до 13 мај 2026 година.

The post Јавен повик за учесници во граѓански лаборатории за иновација appeared first on IDSCS.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Школа за водачи Голозинци 2026 во организација на СИМ

    Во периодот од 13.08 до 19.08.2026 година, во Извидничкиот центар “Голозинци“, се одржа првиот дел од Школата за Водачи ’26. На школата учествуваа членови од повеќе извиднички одреди: ИПО “Јадран’’ , ИПО “Крсте Јон’’ , Прв Скопски Извиднички Одред, ИО ,“Гоце Делчев“ , ИО “Методиј Митевски-Брицо“ ИО “Мирко Милевски“ ,…

  • Повик за прибирање на понуди за угостителски услуги за организирање на настан

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Менторска и коучинг поддршка за корисниците на 𝑩𝒖𝒔𝒊𝒏𝒆𝒔𝒔 𝑯𝒖𝒃

    Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, се реализираа активности за обезбедување менторска и коучинг поддршка за корисниците на Business Hub. Менторската и коучинг поддршка претставува индивидуализиран процес преку кој корисниците добиваат насоки, совети и практична поддршка во согласност…

  • Повик за доставување понуди за услуги за хотелско сместување

     
    Младински Совет Прилеп објавува повик за доставување понуди за набавка на услуги за хотелско сместување во рамки на проектот „Младите за ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path “.)

  • YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства

    Последни новости YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства Од 8 до 11 јули 2026 година, група средношколци од различни градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот YMLP 2026 (Young Men’s Leadership Project) – лидерско и авантуристичко искуство организирано од ИМКА Македонија во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Иако со помал број учесници, YMLP Кампот овозможи секој млад човек да добие индивидуално внимание, да изгради искрени пријателства и да се предизвика себеси преку активности насочени кон развој на лидерски способности, самодоверба и личен раст. Во текот на четирите дена, учесниците работеа на теми поврзани со столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практично учење, тие ги препознаваа своите силни страни, ги развиваа комуникациските вештини, учеа да решаваат проблеми во тим и размислуваа како можат позитивно да придонесат во своите училишта и локални заедници. Едукативниот дел беше надополнет со бројни рекреативни и активности на отворено. Учесниците уживаа во куглање, флег-фудбал, олимписки игри, водени предизвици и креативни активности кои поттикнуваа тимска работа и здрав натпреварувачки дух. Еден од најнезаборавните моменти беше кампувањето во Националниот парк Пелистер. Момчињата ноќеваа во шатори, се дружеа околу логорски оган со традиционалните s’mores, го поминаа адреналинскиот парк, пешачеа низ шумските патеки и заеднички решаваа симулација на авионска несреќа, активност која ги стави на тест нивните комуникациски вештини, лидерски способности и носење одлуки под притисок. За самите учесници, најголемата вредност на кампот беа пријателствата и чувството на заедништво. Еден учесник сподели: Спортските активности, огромната количина смеа меѓу нас и запознавањето нови луѓе. Друг учесник го сумираше своето искуство: Активностите беа одлични, луѓето, персоналот – сè беше одлично. Други како највпечатлив дел го издвоија престојот во природа: Кампувањето во шатори, s’mores и стекнувањето нови пријателства. Кампот на Пелистер. Влијанието на YMLP кампот продолжи и по враќањето дома, а родителите забележаа значајни позитивни промени кај своите синови. Еден родител сподели особено емотивно искуство: Мојот син не сака многу да зборува. Најчесто одговара само со ‘да’ или ‘не’ и ретко раскажува што му се случувало во текот на денот. Откако се врати од кампот, стана многу поотворен. Почна да зборува за своите планови, да бара совет и помош, а покажа и поголем интерес за локални прашања како загадувањето, отпадот, планинарските и велосипедските патеки. Почна да ми раскажува како му поминал денот и што правел со пријателите. За мене како родител, тоа е огромна позитивна промена. И други родители забележаа охрабрувачки промени: Подобрени комуникациски вештини. Порасположен, посамоуверен и полн со позитивни впечатоци. YMLP кампот е многу повеќе од четиридневно летно искуство – тој претставува почеток на подолг лидерски пат. Следната година, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА Македонија, преку која младите стекнуваат лидерски, менторски, комуникациски и волонтерски вештини, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите и лидери во своите заедници. Преку кампот YMLP, ИМКА Македонија продолжува да инвестира во младите, помагајќи им да изградат самодоверба, цврст карактер и практични лидерски вештини што ќе им овозможат позитивно да придонесуваат во своите семејства, училишта и локални заедници.

  • Соларен саем во Кичево: Сончевата енергија поблиску до граѓаните

    На 8ми август на Градскиот плоштад во Кичево се одржа Соларен саем посветен на сончевата енергија, обновливите извори и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за поактивно учество во енергетската транзиција. Саемот беше можност посетителите на едно место да добијат практични и разбирливи информации за користењето на сончевата

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор