[Aggregator] Downloaded image for imported item #47267

Нови алатки, нови можности: голем интерес за AI кај граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар продолжува да ги јакне граѓанските организации. Овој пат, фокусот беше ставен на начинот на користење на вештачката интелигенција (AI) во работењето на граѓанските организации. На инфосесијата која се одржа онлајн на 16 април 2026 г. присуствуваа околу 60 учесници.

На настанот учесниците беа информирани што се chat модели, а што reasoning модели, нивните разлики и кога се користат, а беше практично покажан и начинот на употреба на алатките ChatGPT и Claude.

Во втората сесија од овој информативен настан учесниците беа запознаени како функционираат алатките за истражување: Perplexity и NotebookLM, разликата помеѓу класично пребарување и истражување користејќи дигитални алатки, а потоа беше и практично прикажан начинот на користење на Perplexity и NotebookLM. Презентирано беше, преку практичен пример, за креирање обука, материјал за обуката, истражување на релевантни податоци за обуката, и изработка на презентации, видеа, инфографици и друг нагледен материјал.  Дополнително во овој дел беше претставена алатката Diffit, со цел изработка на наставни материјали за поуспешна и поинтерактивна обука.

Во третата сесија учесниците беа информирани како вештачката интелигенција помага во комуникација и видливост, креирање кампања, генерирање текстови и идеи, дизајн на постери/социјални постови и брзо визуелизирање на идеи со практична примена на креативните алатки Gemini/Nano Banana и Canva AI.

Информативниот настан заврши со презентирање на начинот на користење на AI во дигиталните социјални иновации, односно доближување на терминот “AI for Good”, и со цел воведување на AI во програмски и системски решенија во согласност со мисијата на организациите, а не само основно користење на алатките за секојдневна употреба.

6 980x439

“Ви благодарам за овој информативен настан, прекрасен е и многу корисен. Исто така би било добро да добиеме и обука со пишани материјали како чекор по чекор да ги користиме овие алатки, како и да добиеме инструкции за начинот на добивање бесплатен пристап до сите алатки до кои можеме да имаме пристап како граѓански организации “ рече Тања Цветковиќ Данева од EPY HUB Скопје.

Своето задоволство од начинот и темите кои беа опфатени на инфосесијата изрази и Елена Ташева Трипчева од Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, опишувајќи го настанот како “многу содржаен“, како и Јасминка Капац од МАЦЕФ, Скопје, со иста потреба од проширување на знаењата од оваа област.

„Главното прашање после цел настан не е дали ќе користите AI во вашите организации, туку на кој начин ќе ја користите. Повеќето организации застануваат само на оперативно и истражувачко ниво на користење на AI, но иднината е на воведување на AI во програми и услуги кои организациите ги нудат, а особено на стратешко и системско ниво. Оние организации кои не ја преминуваат границата од оперативно кон иновативно користење, за жал ќе заостануваат и нема да бидат конкурентни, ниту квалитетно да допринесуваат за мисијата која ја застапуваат. AI нема да ги замени организациите, туку организациите што користат AI ќе ги заменат оние што не ја користат“ – рече Анита Гаговска, регионален експерт за граѓанско општество за Југозападниот плански регион, која го спроведе овој настан.

Информативниот настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

  • Во Штип одржан јавен настан за ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    Во Штип денеска се одржа јавен настан во рамки на започнатиот процес на ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7). Настанот беше организиран од Министерството за јавна администрација во соработка со Фондација Метаморфозис и Центар за граѓански комуникации, со цел да се обезбеди активно вклучување на сите засегнати страни […]

  • Велешките извидници ги поправија сончевите колектори во ИЦО Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Владимир Ивановски и Трајче Перков во периодот од 25 до 26 април 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работеа волонтерски на поправка и санирање на соларните колектори кои се поставени на повеќе позиции во извидничкиот центар Охрид. Со превземените волонтерски…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор