[Aggregator] Downloaded image for imported item #47013

До подобро здравје за жените преку унапредување на програмата за скрининг на ракот на грлото на матката

До подобро здравје за жените преку унапредување на програмата за скрининг на ракот на грлото на матката – Наоди и препораки од спроведениот мониторинг на програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања компонентата за скрининг на ракот на грлото на матката за периодот 2023 – 2024 година

Владата на Република Северна Македонија секоја година ја усвојува Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања која ја подготвува и спроведува Министерството за здравство на годишно ниво. Повеќе од една деценија како компонента од оваа програма, се усвојува Програмата за скрининг и рана детекција на рак на грлото на матката. Скринингот на ракот на грлото на матката е од исклучително значење за унапредување на репродуктивното и општото здравје на жените, како и за намалување на смртноста од овој вид на карцином помеѓу жените. Редовниот скрининг овозможува навремено откривање на предмалигните промени или пак откривање на карциномот во рана фаза, што овозможува навремено и соодветно лекување. Тоа значи дека скринингот ја спречува и појавата на ракот на грлото на матката, и ја намалува смртноста од овој вид на карцином. Сето тоа придонесува кон унапредување на здравјето и на добросостојбата на жените, а воедно спречува предвремена смртност кај жените.

Искуствата од државите во Европа укажуваат на исклучителното значење на соодветно спроведените програми за скрининг. На пример во Шведска, скринингот е воведен во 1960-тите години, при тоа студија објавена во Европскиот журнал за карцином покажува намалување на инциденцата (појавата) на ракот на грлото на матката за 50% во периодот од 1965 до 2011 година, додека смртноста од овој вид на карцином опаѓа за 60% во истиот период. Во Обединетото Кралство програмата за скрининг е воведена во 1988 година, податоците од Националниот Здравствен Систем на Обединетото Кралство покажуваат дека и појавата (инциденцата) и смртноста од ракот на грлото на матката се намалиле за 70% од 1988 година до денес.  Овој постигнат успех се должи на високата стапка на опфат на жените со програмите за скрининг на ракот на грлото на матката, па така во последните пет години во Шведска опфатот изнесува 82% од жените од целната возрасна група, додека во Велика Британија изнесува 72%.

По однос на тоа која метода ќе се користи во скринингот повеќе институции се согласуваат дека при скринингот ПАП тест треба да се прави на секои три години, додека ХПВ тестот, или комбинација на ПАП тест со ХПВ тест треба да се прави на секои пет години. Доколку се применат овие препораки за редовен скрининг ќе се овозможи навремено откривање на предмалигните промени и нивно успешно лекување пред да преминат во карцином.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор