Website covers and thumbnails

Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста помеѓу субверзија и дисциплина во македонската култура

Со задоволство го објавуваме дигиталното издание на зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста помеѓу субверзија и дисциплина во македонската култура“ (ур. Славчо Димитров и Мања Величковска, Коалиција МАРГИНИ)

Публикацијата сега е достапна бесплатно за читање и преземање.  

Овој интердисциплинарен зборник истражува на кои начини родот и сексуалноста се појавуваат, се премолчуваат, но и се пробиваат во македонската култура – од народното творештво и етнографијата, преку книжевноста, до визуелните и изведувачките уметности, филмот и популарната култура.

Книгата обединува нови текстови напишани специјално за ова издание, како и значајни студии кои повторно се враќаат во јавна и академска циркулација. За првпат се објавуваат трудови на Ана Мартиноска, Инес Црвенковска-Ристеска, Калина Малеска, Јованка Попова, Славица Србиновска и Душица Лазова.

Покрај овие нови текстови, зборникот вклучува и избор на претходно објавени студии и архивски материјали кои повторно се враќаат во академска и културна циркулација. Во овој дел се застапени трудови од Маја Бојаџиевска, Лени Фрчкоска, Ана Ашталковска Гајтаноска, Елизабета Баковска, Славчо Димитров и Биљана Тануровска-Ќулавковски, Сашо Александар Ламбевски, како и една архивска полемика приредена од Душица Димитровска Гајдоска.

„Уредувањето на оваа книга е обид да создадеме текстуално тело што истовремено ќе ги држи и ‘високата’ теорија и ‘ниската’ култура, и архивираното и усното, и фолклорот и клупското, и романескното и поп-рефенот, и етнографската белешка и перформансот – како доказ. Со тоа, зборникот не ги опишува само механизмите на послушност, туку ги собира и трагите на субверзија и амбивалентни постоења кои не можат да се ситуираат никаде, примерите што пробиваат низ моралот, ги контаминираат воспоставените модели и случајно (или намерно) кажуваат повеќе од дозволеното. Нивна заедничка сила е што сега, низ ова нивно обединување, создаваат контраархива, кога јавниот простор и јазик се поларизираат покажувајќи дека домашната култура отсекогаш била сложена, недовршена и полна со (не)послушни исклучоци.“ – Славчо Димитров и Мања Величковска

Овој материјал беше подготвен во рамки на проектот Empowerment, Safety, and Resilience: Fostering unity and coalitions for gender equality and LGBTQI+ rights, имплементиран од Коалиција МАРГИНИ. Овој материјал е поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna; меѓутоа, изнесените ставови не нужно ги одразуваат официјалните политики на Фондацијата Kvinna till Kvinna.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

  • Свети Николе: Жените и локалната самоуправа во дијалог за поефективни механизми на граѓанско учество

    Свети Николе, 18 септември 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Дебатата беше посветена на механизмите за граѓанско учество во процесите на локално одлучување, со фокус на можностите за поголемо и посуштинско вклучување на жените, […]

  • Шведските искуства како поттик за зајакнување на демократската отпорност и интегритетот во информирањето

    Делегација составена од новинари, уредници, проверувачи на факти, медиумски експерти и претставници на институции од Северна Македонија учествуваше на студиска посета во Стокхолм, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Градење синергии против дезинформациите, вклучително и за политиките и активностите на ЕУ“. Во текот на дводневната програма, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор