Fea

Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија.

Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално ниво. Тие се базираат на научни докази и меѓународни насоки, со цел да се обезбеди ефикасен, етички и координиран пристап во превенцијата од употреба на психоактивни супстанции.

Документот ги дефинира клучните принципи за квалитетна превенција, вклучувајќи мултисекторска соработка, инклузивност, одржливост и почитување на човековите права. Воедно, нуди насоки за развој на програми базирани на докази, како и механизми за нивно следење и проценка, со цел да се постигнат мерливи и долгорочни резултати.

Стандардите се наменети за сите релевантни актери – институции, училишта, здравствени и социјални служби, граѓански организации и донатори – кои работат на унапредување на превенцијата и јавното здравје.

Преземете го документот


Проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“ е ко-финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на ХОПС – Опции за здрав живот и не ја одразува нужно гледната точка на Европската Унија.

The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор