Објавена публикацијата Анализа на онлајн активноста на граѓанските организации во Република Македонија

Во рамките на проектот „ Е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество во Република Македонија“, финансиран од страна на програмата на Цивика Мобилитас, а спроведен од Здружението на за рамноправен развој Решенија за развој беше објавена публикацијата со наслов: „ Анализа на онлајн активноста на граѓанските организации во Република Македонија“.

 Истражувањето имаше за цел да го процени степенот и видот на онлајн активноста на граѓанските организации, односно, да  утврди колку граѓанските организации во Македонија користат Интернет алатки во реализацијата на своите цели, како и во меѓусебната комуникација и соработка, и во комункацијата со релевантни чинители и со јавноста. Проценката опфати вкупно 677 граѓанските организации од Македонија.
Публикацијата е достапна на следниот линк

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор