[Aggregator] Downloaded image for imported item #45604

Истражување за капацитетите на јавниот автобуски превоз во Скопје

Истражување и база на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје

КЛУЧНИ НАОДИ:

  • Од вкупно 341 автобус, дневно исправни се 185, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно
  • Бројот на автобуси на ЈСП континуирано се намалува во последните десет години
  • Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години
  • Доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 % се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“
  • Само 10 % од автобусите имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека сите други се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5
  • Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 се возеле 52 милиони патници, сега само 22 милиони годишно

Податоците за бројот на автобуси со кои располага ЈСП Скопје, за исправните автобуси и за автобусите што дневно се „во работа“ укажуваат на алармантна состојба со капацитетите на ова претпријатие што го обезбедува јавниот автобуски превоз во главниот град.

Во моментов, ЈСП располага само со 341 автобус, од кои дневно се исправни само 185, а од нив, во функција, односно во работа се пуштаат 157 автобуси на сите градски и приградски линии.

Сите овие бројки се драстично помали во однос на состојбата од пред 10 години, и константно се намалуваат секоја измината година.

За разлика од сегашните 341 автобус, во 2015 година имало 430 автобуси, односно 89 автобуси повеќе од денес.

Состојбата е најлоша, кога станува збор за исправните автобуси. Ако во 2015 година имало дневно исправни 316 автобуси, сега има за 40 % помалку, односно 185 автобуси.

Слична е и состојбата со бројот на автобуси што секој ден се пуштени „во работа“, како што ги означува ЈСП во своите извештаи и статистики. Ако во 2015 година, дневно имало по 213 автобуси во работа, сега во работа има само по 157 автобуси дневно.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Како што се намалуваат бројот на автобуси, бројот на исправни автобуси и бројот на автобуси што сообраќаат дневно, така се зголемува староста на автобусите на ЈСП.

Во моментов, просечната старост на автобусите изнесува 13,3 години и таа е во постојан пораст од 2021 година наваму.

Двете „подмладувања“ на автобусите во последните 10 години се направени во 2020 година, кога се набавени 33 автобуси од марката МАН и во 2021 година, кога се отпишани постарите автобуси од марката Санос.

Најстари, по 30 години, се десетте автобуси од марката САНОС, набавени уште во минатиот век, а по 13 години старост веќе имаат и кинеските и украинските автобуси.

„Најмлади“, од 2025 година, се шесте еколошки автобуси од турската марка „БМЦ“, донација од Европската Унија.

Какви автобуси се возат?

Најголем број од автобусите што ги има ЈСП се од кинеските Јутонг, дури 210, односно 62 % од сите автобуси. Следни според бројност се украинските Лаз, од кои има 64 автобуси, односно 19 %. Дури на трето место, со само 10 %, односно вкупно 33 автобуси има од поновите МАН, од кои 21 се единечни и 12 се зглобни.

Поврзано со староста, најголем дел од автобусите на ЈСП Скопје, односно 63 % имаат еколошки стандард Еуро 5. Највисок стандард, односно Еуро 6 имаат само 12 % од автобусите, односно оние од марката МАН, набавени пред 5 години и турските БМЦ, донирани од ЕУ, лани. Другите 24 % од автобусите имаат најнизок еколошки стандард Еуро 4.

Само за 10 години, ЈСП изгубил 30 милиони патници годишно

Како резултат на ваквата состојба со автобусите, бројот на патници е повеќе од преполовен само за десет години. Од некогашните 51,6 милиони патници во автобусите на ЈСП Скопје во 2015 година, во 2025 година се превезени само 22 милиони патници, односно речиси 30 милиони патници годишно помалку.

Иако падот се случувал и пред кризата поради Ковид-19 кога само за една година ЈСП загубил скоро 23 милиони патници, сепак поновиот пад на бројот на патници се случува после 2023 година. Имено, во 2024 година бројот на годишно превезени патници е намален за скоро 6 милиони, а во 2025 година за дополнителни 3 милиони.

Интересно е што само од кризата со Ковид-19 наваму, бројот на патници што годишно се возат во автобусите на ЈСП Скопје е намален за повеќе од 22 милиони патници.

Кога станува збор за финансиското работење на ЈСП, може да се рече дека со одредени исклучоци, главно во годините на кризата со КОВИД-19, претпријатието има релативно стабилен износ на приходи во последните десет години. Вкупните годишни приходи на претпријатието просечно се движат по околу 29 милиони евра.

Најголем дел од вкупните приходи на ЈСП, односно околу 50 % доаѓаат од линиски превоз на патници, односно од превезените граѓани. Околу 40 % од вкупните приходи на ЈСП доаѓаат од субвенции и тоа „за бесплатниот превоз“ и за „потешкотии во работењето“.

Кога станува збор за резултатите од работењето, од десетте анализирани години, односно од 2015 заклучно со последната година за која има финансиски податоци, односно 2024 година, претпријатието има променливи финансиски резултати. Односно, седум години прикажало позитивен финансиски резултат, односно добивка, а три години прикажало загуба.

Интересно е што за 2024 година, финансиските извештаи на ЈСП велат дека претпријатието остварило добивка од дури 3 милиони евра, но ревизорскиот извештај на претпријатието покажува дека оваа добивка не е реално остварена. Имено, ЈСП всушност не ги евидентирало како трошок обврските што ги имало кон приватните превозници за нивните транспортни услуги со образложение дека тие не биле одобрени од Град Скопје. Оттука, ако се прокнижиле како трошоци сите овие обврски кон приватните превозници, добивката на ЈСП би се намалила за околу 2,4 милиони евра и би изнесувала само околу 600.000 евра.

 

* * *

Ова истражување е спроведено врз основа на податоците преземени од годишните извештаи на Јавното сообраќајно претпријатие, како и од податоците добиени од претпријатието врз основа на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓански комуникации ЦГК

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор