[Aggregator] Downloaded image for imported item #45051

Отворен повик за наставници и едукатори

Обука и предизвик: „Парче по парче – Street Smart Flagbag сложувалка“

Еко Логик објавува отворен повик за избор на 10 наставници и едукатори кои ќе учествуваат на тридневна обука и практичен предизвик за имплементација на Street Smart Flagbag методологијата.

📅 Датум: 1–3 април 2026
📍 Локација: Еко Логик, Скопје
🕚 Времетраење: 11:00 – 14:00 часот

Обуката ќе се реализира на македонски јазик.

Оваа обука е наменета за наставници и едукатори кои работат со деца од претшколска возраст, основно образование и (по можност) прва година средно образование.

Што претставува Street Smart Flagbag?

Street Smart Flagbag е интерактивна и практична методологија која користи тематски знаменца како алатки за поттикнување дијалог, самодоверба, активно учество и социјално-емоционален развој кај децата.

Методологијата е дел од меѓународната MobileSchool мрежа и се базира на современи пристапи како:

  • Негативни искуства од детството 
  • Теорија на самоопределување
  • Работа со деца кои имаат различни животни искуства
  • Активно учење преку игра и движење

Знаменцата се кратки, практични и лесно применливи активности што можат да се користат како активност за запознавање, вежба за подигнување енергија или како дел од цела работилница.

Како ќе се одвива процесот?

Обуката се состои од две поврзани фази и отворање можност за трета фаза:

🧩 Фаза 1: Обука – Сложување на рамката на сложувалката

Запознавање со Street Smart Flagbag методологијата, принципите и категориите знаменца. Учесниците ќе стекнат теоретско разбирање и практично искуство преку демонстрации од искусни наставници и едукатори и групна работа.

🧩 Фаза 2: Предизвик – Сложување на целата слика од сложувалката

Со самото учество на обуката, учeсниците автоматски влегуваат во практичен предизвик. Секој учесник избира знаменце, го применува во својата пракса и го документира искуството преку Street Smart Impact платформата. Процесот продолжува сè додека не се применат минимум 10 знаменца. За успешно учество во предизвикот и користење на платформата, потребно е основно познавање на англиски јазик.

Целта не е обемна административна работа, туку постепено, лесно и реално вклучување на методологијата во секојдневната пракса.

🧩 Фаза 3: Годишни предизвици – Сложувалки во повеќе нивоа

Учесниците кои успешно ќе ги завршат предизвиците имаат можност да напредуваат низ годините со сертификациски нивоа (Junior, Advanced, Senior, Master) и да станат дел од заедница на искусни Street Smart Flagbag едукатори.

Сертификација

По завршување на обуката учесниците добиваат сертификат за учество.

По успешно имплементирани 10 знаменца и завршен предизвик, добиваат дополнителен сертификат за активно и успешно спроведување на Street Smart Flagbag методологијата, како и можност за напредување во следни нивоа на експертиза.

Кој може да се пријави?

  • Наставници од претшколски установи
  • Наставници од основни и средни училишта
  • Едукатори во формално и неформално образование
  • Лица кои работат со деца и млади

Пожелно е кандидатите да имаат мотивација за воведување нови интерактивни методи во својата пракса.

Основни критериуми (задолжителни)

  • Работа со деца од целната возраст (претшколска, основно, рана средна)
  • Подготвеност за учество на сите 3 дена од обуката
  • Подготвеност за имплементација на минимум 10 знаменца во период од 6 месеци
  • Основно познавање на англиски јазик за потребите на предизвикот и користење на онлајн платформата и знаменцата

Број на учесници

Ќе бидат избрани максимум 10 наставници и едукатори за оваа обука, со цел да се обезбеди квалитетна, интерактивна и практична работа.

(Следни циклуси на обуки ќе бидат организирани дополнително.)

Како да аплицирате?

Кандидатите треба да ја пополнат формата за пријава на следниот линк: https://forms.gle/R3viNMy6E8DWUheG7 Рок за пријавување: 15 март 2026, 23:59 часот
Одбраните учесници ќе бидат известени на електронската пошта поднесена во формуларот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор