Semm

Потребно е зајакнување на уредувачките капацитети на онлајн медиумите

Главните трендови во известувањето на онлајн медиумите, за време на локалните избори што се одржаа во октомври/ноември 2025 година во Северна Македонија, произлезени од мониторингот што го спроведе Советот за етика во медиумите, укажуваат на повеќеслојни состојби што ја одразуваат комплексната природа на македонскиот онлајн медиумски простор, но и потребата од подобрување на кадровските и уредувачки капацитети на порталите.

Дел од индикаторите сугерираат позитивни трендови, особено во делот на транспарентноста на сопственоста, тимот и изворите на информации, како и во делот на формалното почитување на одредби од Кодексот на новинарите, но целокупната слика укажува на структурни слабости, ограничени ресурси и зависност од брза продукција на содржини, што се одразува врз квалитетот на информативниот процес.

Набљудувањето на онлајн порталите беше уште една прилика за потврдување на фактот дека во дигиталниот медиумски сектор во земјата доминираат приватни медиуми со мали редакции, главно основани од новинари ( 67.6% од тие што беа вклучени) од кои се очекува висок степен на почитување на професионалните стандарди. Но недостатокот на ресурси, се чини и во овие портали доведе до пополнување на медиумскиот простор со куси вести, во кои често отсуствува „втората страна“ во приказната, со раширена пракса на објавување партиски соопштенија, реобјавување постови од социјални мрежи и копирање.

Тип на сопственост

Од друга страна, транспарентноста на сопственоста е подобрена – 85.7% од набљудуваните медиуми имаат комплетен импресум. Ова е доста позитивен индикатор во поглед на одговорноста и е во согласност со критериумите на СЕММ за намалување на сензационализмот, непоткрепените написи и плагијаторството.

Наведувањето на изворите на информации е главно според стандардите за професионално известување, во 83.7% од текстовите изворите се правилно атрибуирани. Сепак, во 14% од примерокот останува проблемот со делумна транспарентност, односно и натаму се објавуваат текстови со 0формулации од типот „според наши извори“ или „како што дознаваме“, што создава простор за недокументирани, политички мотивирани информации што можат да влијаат на мислењето на читателите, особено во време на избори, бидејќи неточните или недоволно проверени информации имаат потенцијал да влијаат врз перцепциите на гласачите.

На страната на проблематичните трендови во известувањето на онлајн медиумите е продолжување на практиката на меѓусебно копирање содржини без да се наведе од каде е преземена содржината, или пак копирање партиски и други соопштенија без минимална новинарска интервенција. Над половина од текстовите што беа предмет на мониторингот е утврдено дека се копи-пејст содржини, и тоа,  22.5% текстови се целосно или делумно копирани, во 6.8% од текстовите има преземени изјави изјави без наведување извор, а само 16.8% од содржините се целосно оригинални што сугерира сиромашно новинарство, кое не обезбедува целосна ниту аналитички продлабочена слика за читателите. Ова е последица на малите редакциски тимови, определбата за брза и бројна продукција на содржини, со минимална уредувачка супервизија, што ја поткопува довербата во професионалното новинарство и ја поттикнува „инфлацијата“ на исти вести во различни онлајн медиуми кои понатаму ги преплавуваат социјалните мрежи.

слика

Другата раширена негативна практика е се почестото пренесување објави од социјалните мрежи, без доволна проверка или предизвикување. Дури 25.7% од текстовите опфатени во мониторингот делумно или целосно се потпираат на објава на Фејсбук, Инстаграм, Икс или ТикТок, како примарен извор на информација. Без проверка, проширување со дополнителен контекст, втора страна на приказната – овие содржини претставуваат ризик за ширење дезинформации и манипулации, особено присутни во изборни периоди кога социјалните мрежи се користат како главна платформа за пропаганда.

Токму поради овие изразени слабости во онлајн медиумскиот сектор, во моментов сочинет од стотици портали,  Советот за етика во медиумите на Македонија препорачува сопствениците, уредниците и институциите да се заложат за зајакнување на кадровските и уредувачки капацитети на онлајн медиумите, за покредибилно информирање на јавноста особено во чувствителни периоди како што се изборните процеси. Доследното почитување на Кодексот на новинарите и Насоките за етичко известување на онлајн медиумите, почитувањето на медиумската саморегулација, обуките за новинари за проверка на факти, за спецификите на изборното известување, човековите права и корупцијата, како и за етичко користење на новите технологии, како алатка за помош особено во малите редакции, се само дел од чекорите што се очекува да водат кон поодговорно новинарство.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор