[Aggregator] Downloaded image for imported item #44127

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост?

Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја зголемува нејзината плодност и водозадржувачка способност, и придонесува за намалена потреба од вештачки ѓубрива.

Од што се добива компост?

Компостот најчесто се добива од мешавина на „зелени“ и „кафеави“ материјали. „Зелени“ се свежи, влажни и богати со азот, како на пример остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, чај, свежо косена трева, зелени листови. „Кафеави“ се суви и богати со јаглерод т.е. суви листови, слама, ситни гранчиња, струготини од необработено дрво, картон/хартија без печатени бои и пластика. Со цел постигнување максимален ефект во најкус временски период, препорачливо е „зелените“ и „кафеавите“ материјали меѓусебно да се комбинираат во приближно балансиран однос (повеќе „кафеави“ за да нема непријатни мириси и премногу влажност). Процесот на компостирање ќе биде целисходен само доколку се исполнети следниве три услови: оптимален процент на влага на ровот (како исцедена сунѓер), периодично проветрување (кислород) и доволно време. Во компостот не се ставаат месо, риба, млечни производи, масна храна, измет од миленици, пластика и материјали со хемиски премази бидејќи истите значително ќе влијаат врз квалитетот на органската маса.

Компостирањето во ровови (понекогаш наречено „закопување на био-отпад“ или trench composting) е едноставна, нискобуџетна и многу распространета техника, особено во дворови, градини, овоштарници и мали земјоделски парцели. Самата техника подразбира дека наместо во компостер, био-материјалот се поставува во ископан ров и се покрива со земја, каде што постепено се разградува и ја збогатува почвата директно „на лице место“.

Методот на компостирање во ровови се применува многу едноставно и е особено практичен за дворови, градини и помали парцели. Процесот започнува со избор соодветна локација во градината или дворот, по можност на место каде што се планира садење во следната сезона – на пример во меѓуредите, по периферијата на леите или во близина на овошни дрвја. Потоа се ископува ров со вообичаена длабочина од 20 до 40 сантиметри и ширина од 20 до 30 сантиметри, при што димензиите може да се приспособат во зависност од типот на почвата и количината на органски материјал што се располага. Во ровот се додава био-материјал во слоеви, најчесто комбинација од кујнски растителен отпад и „суви“ материјали како суви листови, слама или картон, со што се обезбедува подобар баланс на материјалите и се намалува ризикот од непријатни мириси. Доколку внесениот материјал е премногу сув, може лесно да се навлажни за да се поттикне процесот на разградување. По полнењето, ровот целосно се покрива со земја – препорачливо со слој од најмалку 10 до 15 сантиметри – и земјата се набива умерено, со цел да се спречи излегување мириси и да се ограничи пристапот на животни. На крај, локацијата се означува за да се знае каде е поставен ровот. Разградувањето најчесто трае од неколку недели до неколку месеци, при што процесот е побрз во потоплите сезони; по завршување, почвата на тоа место станува потемна, поронлива и видливо побогата.

Оваа техника е толку популарна затоа што овозможува минимален мирис и помала појава на инсекти, бидејќи органскиот отпад е покриен со земја и не е изложен на воздух како кај купчините. Дополнително, не е потребно редовно превртување и одржување како кај класичната компостна купчина, а придобивките се директни – органската материја и хранливите елементи остануваат во зоната на коренот и веднаш придонесуваат за подобрување на почвата. Методот е особено погоден за домаќинства со двор или градина, каде што количините на био-отпад се умерени и има доволно простор за примена, при што трошоците се минимални, а не е потребна никаква специјална опрема.

За најдобар ефект, рововите треба да се планираат на безбедно растојание од бунари и водотеци и да се избегнуваат места каде што се задржува вода, бидејќи прекумерната влага може да го забави процесот и да создаде непожелни услови. Во зимски период разградувањето природно е побавно, па затоа овој метод често се користи како „инвестиција“ за пролетната сезона, кога почвата ќе биде подготвена и збогатена. Доколку се располага со поголеми количини органски отпад, практично решение е да се применува ротација – на пример, да се користи еден ров во еден период, а потоа следен ров на друга локација – со што се избегнува преоптоварување на едно место. Клучна препорака за добар баланс и побрза разградаба е секогаш покрај влажниот кујнски отпад да се додава и сув материјал како лист, слама или картон, што ја стабилизира мешавината и ја подобрува ефикасноста на компостирањето.

Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на оваа статија е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

  • Вардарската регата “Гемиџии“ примена во програмата на Балканските рафтери

    На 7.2.2026 год. (сабота) се одржа редовна средба во Зеница на Балаканските рефтери каде што меѓу друго беше донесен и усвоен календарот на рафтинг регатите. На оваа средба беше прифатена програмата во која се наоѓа и единствената регата во Македонија – Вардартската регата “Гемиџии 2026“ која што ќе се одржи…

  • „Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА Денеска, 09 февруари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави извештајот и базата на податоци од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините во 2024 и 2025 година, со следниве клучни наоди: Од октомври 2024 до октомври 2025 година, Владата испланира 250 милиони евра за инфраструктурни проекти на општините, и од тие пари им одобри 112 милиони евра преку шест министерства. Со првата одлука од октомври 2024…

  • Повик за истражувачка акдемија за млади

    Младински образовен форум (МОФ) објавува отворен повик за млади истражувачи во рамки на Истражувачка академија за млади. Програмата има за цел да поттикне активно вклучување на младите од сите региони […]
    The post Повик за истражувачка акдемија за млади appeared first on МОФ.

  • Индекс на отвореност: Започна десеттиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт

    Започна десеттиот бран на мерење на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот на Западен Балкан, односно Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, преку Индексот на отвореност. Мерењето го спроведува мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален […]
    The post Индекс на отвореност: Започна десеттиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт first appeared on Metamorphosis.

  • Одржана средба на Управниот комитет на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт

    На 30 јануари 2026 година се одржа седница на Управниот комитет на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт (ПОВ), во просториите на Фондација „Метаморфозис“. На седницата учествуваа претставници на 9 граѓански организации – членки на Управниот комитет. На состанокот се разгледуваше Предлог-програмата за работа на Управниот комитет, која по состанокот беше доставена […]
    The post Одржана средба на Управниот комитет на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт first appeared on Metamorphosis.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор