[aggregator] downloaded image for imported item #40356

Повик за истражувачка акдемија за млади

Младински образовен форум (МОФ) објавува отворен повик за млади истражувачи во рамки на Истражувачка академија за млади. Програмата има за цел да поттикне активно вклучување на младите од сите региони на земјата преку зајакнување на нивните истражувачки капацитети и создавање мрежа на млади истражувачи кои ќе работат на теми од значење за младите.

Оваа активност ја овозможува регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, којшто го финансира Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Активности во рамки на програмата:
– 4-дневна Истражувачка академија за млади за развој на истражувачки вештини, методологии и дизајн на проекти (5–8 март 2026).
– Менторирано теренско истражување кое опфаќа собирање и анализа на податоци со поддршка од искусни истражувачи.
– Јавна презентација на истражувањата на завршен настан организиран од МОФ.

Услови за пријавување
– Да бидат млади лица на возраст од 18 до 26 години (студенти или дипломирани).
– Да покажуваат интерес за истражувања во областа на образованието, младинските политики, како и социјални и политички прашања од важност за младите.
– Да имаат разбирање за клучни младински проблеми на локално и национално ниво.
– Да бидат во можност да присуствуваат на Истражувачката академија (5–8 март 2026, надвор од Скопје).
– Да работат во тим и да учествуваат во истражувањето со поддршка од ментор во периодот од март до мај 2026.
– Да го презентираат своето истражување на завршниот настан организиран од МОФ.

Пријавување
Сите заинтересирани млади истражувачи можат да се пријават индивидуално или како тим (најмногу тројца истражувачи).

За аплицирање потребно е да се пополни апликацијата на следниот линк: https://forms.gle/u678LhqKbH8mT3HP9 

Рок за аплицирање

Крајниот рок за поднесување на апликации е 22 февруари (недела) 2026 година, до 23:59 часот. За сите прашања и појаснувања поврзани со повикот, апликантите можат да нè контактираат на info@mof.org.mk, со назнака „Информации за апликација за истражувачка програма за млади“.

The post Повик за истражувачка акдемија за млади appeared first on МОФ.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор