B369ecfe 859e 4ad0 b405 9c30b1937442

З.Е. „Натура“ и Општина Дебар потпишаа Меморандум за соработка

Здружението на еколози „Натура“ од Струга ја информира јавноста дека на 14.01.2026 во просториите на Општина Дебар, се одржа работна средба со градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, при што беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу нашата организација и Општина Дебар.

Овој меморандум е дел од имплементацијата на регионалниот проект „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, подржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, има за цел зајакнување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалните институции во областа на заштита на животната средина и унапредување на квалитетот на воздухот како и инсталирање на вкупно 30 инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во пет општини од Југозападниот регион

За време на средбата беа презентирани проектот и планираните активности, со посебен фокус на:

  • воспоставување структуриранa соработка со општинските администрации,
  • воспоставување структуриранa соработка со општинските администрации,
  • активно вклучување на Општина Дебар во Регионалниот граѓански совет за воздух, како платформа за редовен дијалог помеѓу општините, граѓаните и организациите на граѓанското општество,
  • координација на активностите преку назначени официјални контакт-лица од локалната самоуправа.

Здружението на еколози „Натура“ ѝ се заблагодарува на Општина Дебар, а особено на градоначалникот г. Фисник Мела, за соработката и подготвеноста за институционално партнерство, притоа реафирмирајќи ја својата заложба за отворен дијалог, граѓанско учество и конкретни активности во насока на поздравa животна средина и почист воздух за сите граѓани.

#CHinMK#CivicaMobilitas

Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North MacedoniaИзвиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор