Потпишан Меморандум за Соработка меѓу З.Е „Натура“-Струга и Општина Струга
Здружението на еколози „Натура“-Струга ја информира јавноста дека во петокот, во просториите на Општина Струга, се одржа работна средба, при што беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу нашата организација и Општина Струга.
Меморандумот беше потпишан со Шеф на Кабинетот на Градоначалникот на Општина Струга, г-ѓа Шефкие Аласани Дика, што претставува значаен чекор кон унапредување на институционалната соработка во областа на заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот.
Овој меморандум е дел од имплементацијата на регионалниот проект „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас, чија цел е зајакнување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, како и инсталирање на вкупно 30 инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во пет општини од Југозападниот регион.
За време на средбата беа презентирани проектот и планираните активности, со посебен фокус на:
- воспоставување на структуриранa соработка со општинската администрација на Струга,
- инсталација и функционализација на мрежа од граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот,
- активно вклучување на Општина Струга во Регионалниот граѓански совет за воздух, како платформа за редовен дијалог помеѓу општините, граѓаните и граѓанските организации,
- координација на активностите преку назначени контакт лица од локалната самоуправа.
Здружението на еколози „Натура“-Струга ѝ се заблагодарува на Општина Струга и на г-ѓа Шефкие Аласани Дика за соработката и подготвеноста за институционално партнерство, при што го потврдува својот ангажман за отворен дијалог, активно граѓанско учество и конкретни активности во насока на поздравa животна средина и почист воздух за сите граѓани на Струга.
Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North MacedoniaИзвиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43672](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/img_2968-768x1024-1.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43965](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/website-featured-image-7-768x432.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43810](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/363-768x404.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43801](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/istrazuvanje-vo-fokus-768x512.jpg)