[Aggregator] Downloaded image for imported item #43599

Добротворна модна аукција:Кога модата зборува со срце

Во рамки на кампањата „Денови за донирање“, на 5 ноември во Скопје се одржа добротворна модна аукција. 23 модни дизајнерки и дизајнери, уметници и занаетчии донираа уникатни креации кои беа ставени на добротворна јавна аукција и тивка аукција од кои се собраа донации во износ од над 200.500 денари за донаторскиот фонд на Конект од каде со грантови ќе се поддржат програми на граѓански организации. И годинава фондот продолжи да поддржува активности за заштитата на нашите шуми од пожари, едукацијата на младите, развојот на децата со попреченост со помош на технологија и првата„изнајмувачница“ на помагала за сограѓаните кои се борат со ракот.

Третото издание на добротворната модна аукција „Fashion with a Cause“ беше посветено на славење на креативноста и солидарноста. На специјалното шоу водено од гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“, Огнен Јанески и Ана Зафирова, над 150 присутни, вљубеници во модата и филантропијата се наддаваа донирајќи за мало богатство на дизајни на дизајнерите: Никола Булески, Никола Ефтимов, Лидија Георгиева, Изет Цури, Силвија Михајловска (Алшар), Ирина Тошева, Олгица Ѓоргиева, Катерина Тошева, „MilkDesign”(Антонија Гугинска Јорданоска), Терзија (Наталија Терзијоска),“Be.” Присутни беа и нови модни имиња како Радмила Давидовиќ Настев, Снежана Ефкоска  и Ивана Груевска. Со своја донација се придружија и занаетчии и уметници: Марта Поп Антоска („M Art Gallery”), Александра Ристовска („MORPHO”), Марија Таировска („Marcy’s Handmade”), Александар Стојанов-Зорин, ESNAF, „Народни носии” , Љубица Солак, Мирјана Јосифоска и Петар Кајевски.

„Делата претставени овде се повеќе од модни предмети – тие се парчиња македонска модна историја и културен идентитет, кои не само што гордо ги носиме, туку и ги чуваме за да ги подариме на идните генерации. Со донациите тие добиваат двојна вредност“ – истакна Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект. „Ова не е само моден настан — туку повик за добри дела. Во креирањето на каталогот и настанот волонтерски се вклучи цела заедница на креативци што ја воспитува вредноста на филантропска мода.“ – се надоврза Виктор Мирчевски, програмски директор на Конект и дел од креативниот тим што волонтерски работеше на каталогот за аукцијата во чија продукција беа вклучени „Скала“, Студио 1 и Македонската модна асоцијација.

„Денови за донирање“ е национална кампања на Конект што ги инспирира поединците, семејствата, бизнисите и заедниците да се здружат и заедно да донираат на низа начини и настани, како и на www.opop.mk и телефонската линија 143 333 за споменатите иницијативи.

Настанот го организира Здружението Конект од Скопје во соработка со Моден Викенд Скопје и со поддршка од Амбасадата на Франција во Скопје.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор