[Aggregator] Downloaded image for imported item #43429

Превенција од дроги кај младите во согласност со европските стандарди: Интервју со проф. д-р Игњатова

Од Вашето клиничко и професионално искуство, што е нешто што најчесто се превидува кога зборуваме за употребата на психоактивни супстанции кај младите и ризиците што ги носи тоа?

Она на што не се обраќа доволно вниманиеили, се превидува, кога се зборува за употребата на психоактивни супстанции кај  младите се „причините на причините”  за употреба на супстанца, односно ризик факторите кои може да се присутни од рано детство, па дури и за време на бременоста на мајката, како и заштитните фактори.    Кратко одговорено се превидува дека треба да се почне со „рана превенција” што значи да се превенираат ризичните фактори и да се поткрепуваат заштитни фактори уште во рано детство па дури и за време на бременоста на мајката, затоа што ризик факторите подоцна, во пубертет/адолесценција, може/извесно е, да доведат до употреба на супстанца. Се превидува исто така дека зависноста од  супстанци не е доброволна и дека сите деца не се подеднакво ранливи за употреба на супстанци како и за тоа дали употребата ќе помине во штетна употреба и зависност.

Што најмногу ве уверило во тоа дека превенцијата, задолжително треба да се базира на докази и на добро организиран систем — а не на нередовни и изолирани активности?

Евалуациите на програмите потврдуваат дали некоја програма е ефективна или не . Евалуациите на нередовни и изолирани активности зборуваат дека тие интервенции не се ефективни.

Во пракса, што гледате како најголем предизвик за наставниците, педагозите и психолозите кога се обидуваат да препознаат ризично однесување кај младите? Што им недостасува за поефективно превентивно делување?

Недостасува знаење за превенција, односно обуки и континуирани обуки, како и матерјали за превенција. Недостасуваат програми по кои тие ќе постапуваат и ќе ги мониторираат и евалуираат.

Вашето долгогодишно учество во национални процеси, но и постојаната соработка со меѓународната заедница на овие теми Ви овозможува да ја видите превенцијата од системски агол. Што ги научивме досега — и во кои делови сметате дека системот сè уште не обезбедува доволна конзистентност и поддршка?

И активностите за учење до сега беа и се несистемски, нередовни и изолирани и тоа што мал број лица само преку невладин сектор и интернационални организации во соработка со државата се обидуваат да го пренесат нивното знаење е многу под минимум потребното што треба да се стори. Превенцијата е цела наука и треба континуирано да се учи и обновува со нови научни докази, за што е потребно во програмите за едукација на универзитетите/ факултетите (медицина, психологија, социјална работа, социологија…., педагогија, педагошка академија,….. ) и средните школи да се воведе образование за превенција од дроги (супстанци), за да се произведат кадри кои може да спроведуваат превенција од супстанци. Во меѓувреме, невладниот сектор и државата да спроведуваат одржливи активности за едукација- обука.

Во европските земји постојат стабилни и успешно организирани модели за превенција кај младите. Гледајќи ги тие искуства, кои принципи сметате дека се применливи и корисни за Македонија?

Интернационалните и европските стандарди/ принципи  за превенција се применливи со адаптација и во нашата земја и тие што поскоро треба да се озваничат со што ќе се обезбеди квалитетна и ефективна превенција, ќе се заштедат финансии потрошени за неефективни преветивни интервенции и ќе се постигне целта за превенција – намалена употреба на дрога, одложен почеток на употреба на дрога, подобар и побезбеден живот за младите и целото општество.

Кое е Вашето видување за значењето на оваа иницијатива за воспоставување национален систем за превенција во училиштата — и кои резултати би укажале дека системот почнува да прави реален напредок?

Воведување на НАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДРОГА не само што е почеток, но и основа, база без која не може да се развиваат програми за превенција кои ќе ГАРАНТИРААТ КВАЛИТЕТ И ЕФЕКТИВНОСТ. Националните стандарди за квалитет ќе обезбедат сите програми кои ќе се имплементираат во нашата земја да ги исполнуваат тие стандарди, кои покрај тоа што се грижат за научно докажани превентивни интервенции, обврзуваат секоја превентивна интервенција да се мониторира и евалуира, а резултатите од евалуацијата да се користат за понатамошно подобрување на програмите кои ќе можат да ја постигнат целта – намалена преваленца/ честота на употреба на дрога/супстанца, одложена возраст на почеток на употреба на  супстанца, намалено ризично однесување, поголема  безбедност и благосостојба на младите, но и на возрасните и целото општество.


Проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“ е ко-финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на ХОПС – Опции за здрав живот и не ја одразува нужно гледната точка на Европската Унија.

 

The post Превенција од дроги кај младите во согласност со европските стандарди: Интервју со проф. д-р Игњатова appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор