[Aggregator] Downloaded image for imported item #43343

МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Корупцијата и понатаму претставува еден од најсериозните предизвици за владеењето на правото, довербата во институциите и демократскиот развој на државата. Ограничената примена на планираните мерки, недоволниот надзор и отсуството на ефикасни механизми за јавна отчетност создаваат простор антикорупциските политики да останат само формално усвоени документи. Новата програма директно одговара на овие слабости преку воведување иновативни дигитални алатки, градење капацитети и поттикнување општествена промена во односот кон корупцијата.

Целта на програмата е создавање општество отпорно на корупцијата преку зајакнување на отчетноста, транспарентноста и активно граѓанско учество. Преку јакнење на транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните, граѓанските организации и приватниот сектор во следењето и спроведувањето на антикорупциските политики, се очекува да се намали корупцијата во Северна Македонија.

Активностите ќе се спроведуваат на национално ниво и се наменети за граѓанските организации, приватниот сектор, антикорупциските активисти, медиумите, како и за граѓаните како крајни корисници, кои ќе имаат поголем пристап до информации и можности за активно учество.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи

    КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028): наоди од првите две години Скопје, 17 јуни 2026 Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка […]
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи first appeared on Finance Think.
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи appeared first on Finance Think.

  • ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ВЛАСТИТЕ ВО ШТИП

    На 28.05.2026 година во просториите на Работничкиот универзитет во Штип се одржа настан за воспоставување дијалог помеѓу жените и власти, со цел да се создаде овозможувачка средина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените. На настанот присуствуваше заменик-градоначалникот и советник во Општина Штип, Атанас Крстовски, кој ја истакна важноста од активно учество…

  • Експертска дискусија: Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча

    Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa. Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча. Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и […]

  • Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

    ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за […]

  • XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026” ќе плови до Солун

    На 12.6.2026 (петок) делегација на Вардарската регата Гемиџии беше примена од Градоначалникот на Велес г-дин Mарко Колев. Делегацијата во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Владимир Стојанов и Михаел Здравковски во целост го запознаа Градоначлмикот за програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“. Регатата запловува на 18 јуни со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор