[Aggregator] Downloaded image for imported item #42949

Концептот на мониторинг, евалуација и учење е нераскинлив елемент на успешното раководење со граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. Овој пат, фокусот беше ставен на концептот на мониторинг, евалуација и учење (МЕУ) на организациско ниво, кој меѓу другото,  придонесува кон зајакнување на отчетноста и транспарентноста на организациите,  овозможува постојано подобрување преку системот на учење и го подигнува кредибилитетот на организацијата како соработник, партнер и актер во граѓанското општество.

33 scaled e1766064321264 980x551 MCMS

Работилницата на оваа тема се одржа на 16-17 декември 2025 во ГРЦ Скопје, како последователна активност на онлајн обуката за МЕУ, која беше услов за учество на работилницата.

Во текот на овие два дена учесниците се запознаа со клучните теоретски рамки и принципи на МЕУ во граѓанските организации; ги идентификуваа организациските предуслови за ефективно воспоставување на систем за МЕУ; се запознаа со начинот на развивање и унапредување на процеси, процедури и политики поврзани со мониторинг и евалуација; работеа на подготовка на План за МЕУ, вклучувајќи индикатори, почетни и целни вредности и се запознаа со начинот на кој се дефинираат методи за собирање, обработка и анализа на податоци. Исто така научија како се  планираат евалуации и практично работеа на изработка на работни задачи за спроведување на евалуациите. Во последната сесија учесниците научија како се користат податоците од МЕУ за организациско учење, подобрување на програмите и транспарентно известување.

„Секоја опција за унапредување на професионалните капацитети е потребна и добредојдена. Обуката за мониторинг, евалуација и учење е исклучително корисна и практична бидејќи овозможува подобро и појасно разбирање на процесите за систематско планирање, следење и унапредување на програмските активности, како и следење на резултатите како показател за потребните промени во областа. Обуката понуди конкретни и применливи алатки и информации за мерење на ефектите од проектите и како истите да се применат во секојдневната работа на луѓето кои се вклучени во граѓанскиот сектор“, рече Билјана Настеска-Каланоска од Здружението на новинари на Македонија.

6 980x735 MCMS

Покрај теоретскиот дел, за време на работилницата беа споделени и конкретни алатки за спроведување на мониторингот, евалуацијата и учењето, меѓу кои: Листа за развивање индикатори за МЕУ, Листа за приоритетни области, Образец за целни и фактички вредности, Образец за МЕУ план на организациско ниво, Процесна мапа на МЕУ и др., кои од страна на учесниците беа оценети како исклучително корисни.

„Исклучително корисна и практично ориентирана обука за мониторинг, евалуација и учење. Особена вредност имаа презентираните практичните алатки и примери кои можат веднаш да се применат при изработка на стратешки планови и воспоставување системи за мониторинг во граѓански организации. Голема благодарност до Граѓански ресурсен центар и предавачката за несебично ангажирање и споделување на знаење, алатки и искуства од областа“ истакна Ирена Спасеноска од Институтот за лидерство и јавни политики од Тетово.

10 980x735 MCMS

И Сашо Димитров, финансиски и административен консултант на Институтот за кризен менаџмент ИКМ од Скопје го изрази своето задоволство од оваа работилница: “Работилницата за МЕУ на организациско ниво за граѓанските организации придонесе за подобро разбирање на улогата на мониторингот, евалуацијата и учењето во зајакнување на организациските капацитети. Преку практични примери и интерактивни дискусии, стекнавме корисни знаења за примена на МЕУ во секојдневното работење и стратешкото планирање“ рече тој.

За учество на оваа работилница граѓанските организации се пријавуваа на јавно објавениот Повик за учество на работилница за Мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво за граѓанските организации.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор