[Aggregator] Downloaded image for imported item #42768

32 години посветена работа за подобро општество

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес одбележува 32 години од основањето.

Основана во периодот на создавање на независната држава, организацијата повеќе од три децении останува посветена на истата мисија: да поттикнува и да води промени што им служат на граѓаните – особено на оние што најмногу имаат потреба од поддршка.

Во изминатите години, МЦМС ја обликуваше својата улога преку промовирање демократија, добро владеење, социјална инклузија и поддршка на граѓанскиот сектор. Денес, со повеќе од 1.710 реализирани проекти и над 77 милиони евра насочени кон граѓаните, организациите и институциите, организацијата стои зад резултати кои трајно го менуваат општеството.

Нашата работа секогаш била заеднички напор. Голем дел од постигнувањата ги создадовме во партнерство со граѓански организации, институции, медиуми и активни граѓани. Тоа е препознатливата одлика на МЦМС – да обединува, да создава капацитети и да гради силно граѓанско општество што може да се справи со постојните и со новите предизвици.

Предизвиците и денес не се помали: борбата против корупцијата, социјалната инклузија и поларизацијата остануваат клучни теми за кои се потребни и експертиза и истрајност. Но, како и досега, ние остануваме тука – подготвени да придонесеме со капацитетите што ги имаме, со знаењето, искуството и посветеноста.

Минатата година, како и низ историјата на МЦМС, ја покажавме нашата способност да се адаптираме и да делуваме таму каде што е најпотребно. Од поддршка на ранливи заедници, преку градење партнерства на национално и регионално ниво, до јакнење на отпорноста на институциите и општеството – продолжуваме да вложуваме во долгорочни решенија.

На 32-от роденден, нашата порака е иста како првиот ден: да создадеме подобро, поправедно и похумано општество.

Им благодариме на сите соработници, партнери и пријатели кои со години ја делат оваа мисија со нас. Заедно продолжуваме вредно да работиме за општество во кое секој граѓанин може да живее достоинствено.

МЦМС останува силна, стабилна и посветена на промените што носат добро за сите.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор