[Aggregator] Downloaded image for imported item #41551

Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП

По поништувањето на првата постапка и распуштањето на првата комисија за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за формирање нова комисија и распишување нов јавен конкурс. Одлуките за поништување на првата постапка, распуштањето на комисијата и нејзиното повторно формирање не беа јавно достапни, ниту придружени со образложение, што уште на почетокот го доведе во прашање степенот на транспарентност и отчетност на процесот на номинирање на судија во ЕСЧП.

Блупринт групата за реформи во правосудството изрази сериозна загриженост за начинот на кој се спроведе постапката, потенцирајќи дека изборот на судија во ЕСЧП претставува тест за институционалната зрелост и демократскиот капацитет на државата. Во демократско општество, особено кога станува збор за избор на судија во еден од најважните меѓународни судови за заштита на човековите права, владеењето на правото, транспарентноста и почитувањето на процедурите мора да бидат водечки принципи.

Овој извештај ги обединува реакциите и анализите на Блупринт групата за реформи на правосудството со наодите од независното набљудување на интервјуата, со цел да се даде целосен и објективен преглед на процесот за избор на судија во Европскиот суд за човекови права.

Прочитајте го целосниот извештај тука: БЛУПРИНТ Извештај од постапката за избор на судија во ЕСЧП

Блупринт група за реформи во правосудството:
– Институт за човекови права (ИЧП)
– Институт за европска политика (ЕПИ)
– Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС)
– Македонско здружение на млади правници (МЗМП)
– Хелсиншки комитет за човекови права
– Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)

The post Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

  • УЧЕСТВО НА ВЕЖБАТА “DURIOS 1” И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “ENSURE”

    Во периодот од 15 до 17 мај 2026 година, претставници од Доброволното противпожарно друштво Св. Николе учествуваа во вежбата “Durios 1”, која беше во организација на “E.P.O.M.E.A” Грција и меѓународната федерација “ELIT MISSION EUROPEAN FEDERATION”. Вежбата се одржа во комплексот Порто Крас, Солун, Грција. Целта на вежбата беше пребарување и спасување во случај на природни…

  • НЕДЕЛА НА ОТВОРЕНА ВЛАСТ 2026 година „ОТВОРЕНО ВЛАДЕЕЊЕ ВО ПРАКСА: ПАРТНЕРСТВО, УЧЕСТВО И ДОВЕРБА“

      Во рамки на Неделата на отворена власт 2026 година, Собранискиот канал ќе реализира еднонеделна програма посветена на промоција на отворено, транспарентно и отчетно владеење. Програмата се организира во контекст на спроведувањето на Шестиот национален акциски план за Партнерство за отворена власт и Третиот акциски план за Отворен парламент на Собранието на Република Северна Македонија. […]

  • Недела на отворена власт 2026 година: Отворено владеење во пракса – партнерство, учество и доверба

    Во рамки на Неделата на отворена власт 2026 година, Собранискиот канал ќе реализира еднонеделна програма посветена на промоција на отворено, транспарентно и отчетно владеење. Програмата се организира во контекст на спроведувањето на Шестиот национален акциски план за Партнерство за отворена власт и Третиот акциски план за Отворен парламент на Собранието на Република Северна Македонија. Во […]
    The post Недела на отворена власт 2026 година: Отворено владеење во пракса – партнерство, учество и доверба appeared first on IDSCS.

  • Одредско учество на редовното годишно Собрание на Сојуз на извидници на Македонија

    На 17.5.2025 год. (недела) во Скопје во Младинскиот центар “Старо Матично“ беше организирано редовното Годишно Собрание на СИМ. Се работеше по следниот дневен ред за работата на собранието: со следниот Дневен ред Регистрација на делегати Процедурален дел: Техничка проверка пред почетокот на Собранието Отварање на Собранието Воведен збор од Старешината…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор