[Aggregator] Downloaded image for imported item #41926

Форум „Економското јакнење на жените што претрпеле семејно насилство – императив за ефективна заштита и поддршка“, оддржан на ден 20ти ноември 2025

На 20ти ноември 2025 година Здружение ЕСЕ, со финансиска поддршка од ЕУ, организираше еднодневен форум посветен на економското јакнење на жените што претрпеле семејно насилство.  Предмет на дискусија беа системските бариери со кои се соочуваат жените што претрпеле насилство, економските последици што го продлабочуваат нивниот ризик од сиромаштија и зависност, како и неопходноста од одржлива поддршка што ќе овозможи вистинско економско јакнење.  Настанот беше структуриран преку три панел-сесии кои ги опфатија клучните аспекти на економското јакнење, од анализи на состојбата, преку практични модели, до политики и институционални решенија.

Во рамки на првиот панел, фокусот беше ставен на потребата од економско јакнење на жените, со особено внимание на неповолната финансиска состојба во која тие се наоѓаат по разводот на бракот или разделбата. За таа цел беа презентирани главните наоди од анализите што ЕСЕ ги спроведува со жени кои претрпеле семејно насилство, вклучително и високите трошоци со кои се соочуваат како последица од насилството, како и проблемот со недоволната и/или неплаќањето на судски досудената издршка за децата, што дополнително ја продлабочува нивната економска ранливост.

Вториот панел, на кој учествуваа Дарко Антиќ (ЕСЕ), Мира С. (учесничка во ПОГОН) и Милица Гавриловска (дизајнерка и менторка), отвори дискусија за моделот ПОГОН, како преку менторство, обука и креативни вештини може да се создадат реални можности за нов почеток, и кои лекции произлегуваат од практичната работа со жените. Настанот заврши со базар „Нов почеток во сопствени раце“, на кој жените ги продаваа рачно изработените накит и ракотворби создадени во рамките на ПОГОН, овозможувајќи им директна промоција и поддршка.

Третиот панел, со панелистките Маја Цветановска од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА и Валентина Тасева, извршна директорка на Семос Едукација, беше посветен на креирање ефикасни јавни политики и мерки за економско јакнење, при што панелистите и учесниците дискутираа за тековните програми, потребните реформи и улогата на институциите и приватниот сектор во развојот на функционални решенија.

Препораките од форумот укажуваат на итна потреба од системски мерки за економско и социјално јакнење на жените по разводот или разделбата, развивање програми за субвенционирано домување, како и финансиска поддршка за кирија и основни животни трошоци.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор