0129c5e0 57f0 4792 b1e0 9fa9f779ba29

ПОВИК ЗА УЧИЛИШТА 2025

This post was originally published on this site.

Осмислете кратка активност (60–90 мин.) за сајбер безбедност, заштита на лични податоци и безбедно користење интернет – и освојте еднодневна обука од Агенција за заштита на личните податоци + сертификати!

👩‍🏫 Кој може да аплицира?

Државни основни и средни училишта во РСМ.

🧩 Што се бара?

Креативна училишна активност на една или повеќе теми:

  • Сајбер хигиена (лозинки, фишинг, дигитални траги…)
  • Заштита на лични податоци (права на ученици, минимизација, пријавување…)
  • Безбедно онлајн (TF-VAW/сајбер-насилство, етика, алатки за пријавување…)

💡 Примери: работилница/час, ученичка обука, родителска трибина, постер/видео предизвик, „Дигитален кодекс на одделението“, мини-политика за приватност во 5 чекори, предавање, проектна задача, литературен/ликовен конкурс „Безбедно на интернет…?“.

📚 Ресурси: https://mksafenet.mk/resources/

🏆 Награди:

  1. Платена еднодневна обука во/од АЗЛП (5.500 МКД по лице) за претставник на училиштето
  2. Сертификат од АЗЛП (за претставникот)
  3. Сертификати од ИМПЕТУС (за училиштето, ментор-наставници, ученички тим)
  4. Јавно признание и медиумска промоција на успешната практика

🗓️ Временска рамка (окт.–ноем. 2025):

  • 30.09.2025  – рок за пријава на интерес и предлог-активност
  • 01.10–30.11.2025 – спроведување активности
  • до 05.12.2025 – доставување извештај/докази
  • 10.12.2025 – објава на добитници
  • декември 2025 – термин за обука 

🧪 Критериуми (100 поени):

  • Содржинска релевантност и точност (30) 
  • Вклученост на ученици/наставници/родители (15) 
  • Инклузивност и родова еднаквост (10) 
  • Иновативност и применливост (15) 
  • Документација/видливост (30)

✍️ Како да аплицирате?

  1. Пријавете интерес (за менторска поддршка по потреба): https://forms.gle/7FakaFJ9HC9ieTJX7
  2. Во окт./ноем. спроведете активност и користете хаштагови #impetusmk #mksafenet.
    Тагнете нè во објавите: @MKSafeNet @ImpetusCIDGG
  3. Во декември испратете е-пошта на contact@impetus.mk со наслов:
    Пријава – Училишна активност за безбеден интернет“ и прилози (PDF/линкови):
    • Краток извештај (кој/кога/што/како; до 1 страница; како ги заштитивте личните податоци)
    • Докази: објави/фотографии/веб линк итн.

🔐 Важно за приватност:
Не прикачувајте лични податоци на ученици. Доставувајте анонимизирани материјали (замаглени лица, иницијали, опис на резултати, постери, наставни материјали).

📞 Контакт: contact@impetus.mk • 071 276 151

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор