[aggregator] downloaded image for imported item #40935

Финален партнерски состанок и меѓународна конференција во Брисел – Завршуваме едно прекрасно поглавје на GEA!

На 21 и 22 октомври го одржавме последниот партнерски состанок во рамките на проектот GEA, каде што заедно со партнерите ги сумиравме резултатите и заеднички ја заокруживме оваа трогодишна приказна на инспирација, учење и позитивни промени.

Овој значаен настан се одржа во Брисел и беше збогатен со завршна меѓународна конференција, на која ги споделивме:

✨ постигнатите успеси во изминатите 3 години
📚 искуствата, моделите и добрите практики од имплементацијата
💡 научените лекции што ќе не водат во креирање уште подобри програми за образование за животна средина за возрасни

Голема благодарност до сите партнери, учесници, обучувачи и организации кои беа дел од ова патување и дадоа свој придонес кон развивање на едукацијата за одржливост. 🌱

Но… официјалното затворање сè уште не е тука! Следете нè, бидејќи на 30-ти октомври нè очекува уште еден посебен настан од GEA: „Скопје зборува“ – по кој и официјално ќе го затвориме проектот. Не го пропуштајте!

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • BOOST проектот ја зајакнува граѓанската иницијатива низ Западен Балкан

    BOOST проектот, регионална иницијатива предводена од ALDA и финансирана од Agence Française de Développement (AFD), постигнува значајни резултати во зајакнувањето на граѓанското општество низ Западен Балкан. Преку националната шема за подгрантови, BOOST избра по десет влијателни проекти во секоја од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна…

  • Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

    Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во […]
    The post Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025 first appeared on Metamorphosis.

  • Тркалезна маса – „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“

    Здружение на лица со цербрална парализа и други попречености – Велес, заедно со партнерските организации Порака Неготино и ЕкоЖивот – EcoLife – Кавадарци, во рамки на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизација“ спроведе анкета за испитување на јавното мислење за проблемите на семејствата на лицата со попреченост и можните решенија…

  • Bure-Cycle: Иновативно решение за одржлива урбана мобилност

    Reference No. MKD25_0010 – 01Времетраење на проектот: 1 септември 2025 – 31 мај 2026 Eco Logic ја претставува иницијативата Bure-Cycle, развиена со цел да придонесе кон одржлива урбана мобилност и подобрување на квалитетот на јавните простори преку принципите на циркуларната економија.Производот претставува модел на велосипедски паркинзи изработени од пренаменети метални буриња и искористени внатрешни гуми […]

  • Успешно завршен четиридневниот StreetSmart Kick-off Training: Практика, знаење и нови можности за учење надвор од училница

    Четиридневниот StreetSmart Kick-off Training заврши успешно, оставајќи зад себе силна мотивација, нови идеи и јасна визија за примена на алатките за учење во заедницата. Тренингот, организиран во партнерство со Mobile School – StreetSmart, ни овозможи да стекнеме длабинско разбирање за едукативниот пристап, методологијата и потенцијалот на знамињата кои ја претвораат улицата во простор за учење. […]

  • Performance Artists Take The Streets (PATS): Промовирање на уметнички активизам кај младите

    Проект: Performance Artists Take The Streets (PATS)Поле: МладиРеференца на проектот: 2025-1-AT01-KA220-YOU-000351976 Проектот Performance Artists Take The Streets (PATS) има за цел да создаде можности за млади уметници да ја изразат својата креативност и да пренесат силни еколошки и општествени пораки преку уметнички перформанси на јавен простор. Проектот поттикнува младите и младинските работници да ја користат […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор