Nedelen pregled 2

За што зборуваат кандидатите на локалните избори? #2

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #2 [22-28 СЕПТЕМВРИ 2025]

Анализата на медиумската покриеност и социјалните мрежи од изминатата недела открива дека кандидатите за градоначалници комуницираат на повеќе теми, секој со свој фокус и со различна ефикасност.

Првата тема еповрзана со животната средина. Пораките доминантно се врзани за пожари на депонии, шумски пожари, загадување на воздухот и други еколошки кризи. Граѓаните најмногу реагираат кога конкретните еколошки проблеми се поврзуваат со специфични населби или кога става јасен временски рок што покажува дека се позаинтересирани кога фокусот е потесен и попрецизен.

Втората група прашања се поврзани со испорака на резултати. Тие опфаќаат образование, училишта, локална самоуправа и конкретни локални интервенции—отворени објекти, реновирани улици, подобрени училишни услови. Кандидатите кои ги поврзуваат пораките со опиплив резултат со јасен рок имаат повисоко ниво на реакции од граѓаните. Публиката очигледно реагира на она што може да го провери и измери.

Третата група ги опфаќа локалните прашања, јавниот превоз, образованието, урбанизмот, младинското учество и општа градска агенда. И овде се потврдува наодот дека конкретните и локални пораки создаваат силен ангажман кај граѓаните. Пошироките, национални теми, не ги мотивираат граѓаните па иако бројот а објави е голем, интензитетот на ангажманот опаѓа.

Што навистина ги движи граѓаните?

Јасно е дека Локалните избори 2025 функционираат како засилувач—но само кога ќе се спојат со нешто конкретно. Комбинацијата локален проблем + оперативно решение + временски рок создава вирален ефект. Пораки како „чистење за 72 часа”, „поправка на училишта до крајот на месецот” или „нови автобуси од следната недела” генерираат многукратно повеќе реакции од апстрактни ветувања за развој, реформи или визии.

Од темите, животната средина сега е најмоќен мобилизатор—особено кога се работи за пожари на депонии и квалитет на воздухот. Образованието и училиштата се втора стабилна тема. Здравството е потесна, но силна ниша, особено во скопскиот регион.

Она што е клучно: колку е пораката поблиску до конкретна населба и колку појасно е кога ќе се случи, толку подобро работи. Општите позиции и национални теми губат влијание—гласачите бараат нешто што можат да го следат и проверат.

Што се случува со темите за граѓанското општество?

Следењето покажа целосно отсуство на дискусија околу две теми:

  • Финансирање на граѓанското општество
  • Транспарентност и отчетност

Ова не е изненадување, но е важен наод: овие прашања не се на агендата на ниту еден кандидат. За граѓанските организации кои работат на овие теми, тоа значи дека мора проактивно да ги вметнат во јавната дебата, најдобро преку нивно поврзување со локални услуги, еколошки проблеми или конкретни случаи на неефикасност. Без тоа, овие теми ризикуваат да останат невидливи низ целата кампања.

Каде се случува дискусијата?

Иако кандидатите масовно објавуваат на Телеграм (Telegram), таа платформа речиси не генерира никаква реакција. Спротивно на тоа, ТикТок (TikTok) е далеку најефикасниот канал—со просечно 386 интеракции по објава, што е четворократно повеќе од Фејсбук и Инстаграм (Facebook и Instagram). Ова укажува на јасен стратешки јаз: напорот е концентриран таму каде што публиката не е, а публиката е таму каде што кандидатите се помалку активни.

Говор на омраза: Највидливите кандидати добиваат најмногу говор на омраза во апсолутни бројки, сепак, пропорционално највисоки нивоа на омраза се забележани во помалите, локални дискусии, што укажува на локализирана поларизација.

Методологија

Овој неделен преглед е создаден врз основа на податоци собрани и анализирани од платформата Pikasa Analytics. Методологијата вклучува автоматизирано следење и анализа на илјадници содржини од онлајн медиуми и социјални мрежи, што обезбедува прецизен и сеопфатен увид во јавниот дискурс и трендовите во медиумското покривање.


Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија што го спроведуваат МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Мислењата и ставовите изразени во оваа објавна не ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор