Lorik idrizi 1536x1024 1 1230x767

УРБАНИ РАСКАЗИ: НЕВИДЛИВИТЕ ГРАНИЦИ НА ЗНАЕЊЕТО

Автор: Лорик Идризи

Во ова време на изборни кампањи, без да се амнестира политиката – која, секако, носи голем дел од вината за застојот на општеството – треба да се признае дека не сè е во нејзини раце. Политиката нема ниту сите решенија, ниту може сама да ги понесе на своите плеќи сите надежи за промена. Многу проблеми во Северна Македонија се повеќе општествени отколку политички.

Често ги осудуваме политичките партии за клиентелистичките вработувања што ги користат за да ја задржат својата изборна база, но ретко дискутираме зошто граѓаните имаат толкава желба да се вработат во администрацијата.

Чудно е како многу млади луѓе со магистерски титули, па дури и со амбиции за докторски студии, продолжуваат да сонуваат за работно место во јавниот сектор. Тоа се случува во време кога е доволно едно едноставно пребарување на социјалните мрежи за да се најдат десетици можности за стипендии, разменски програми или студиски мобилности во странство. Во ерата на „Фејсбук“ и алгоритмите, не недостигаат можности, туку соништата и желбата да се излезе надвор, да се допре светското знаење и потоа тоа да се врати во земјата како искра за општествени промени.

Ништо нема да се промени без диверзификација на знаењето. Освен програмите како „Еразмус“, многу други меѓународни можности остануваат неискористени, не затоа што младите не се способни да ги исполнат техничките услови, туку затоа што недостига амбиција, љубопитност и страст за преземање на вакви предизвици.

Знаењето и мобилноста на знаењето – кои често се поврзуваат со различни тестирања како ПИСА и со концептот на универзално знаење што не познава граници – бараат млади кои знаат да го манифестираат своето знаење и да го применат во секоја околност и контекст, без да го сведуваат на тесни, локални или провинциски рамки.

Секое општество што не влегува во интеракција со надворешниот свет, преку програми за мобилност и академски размени, останува во мочуриштата на импровизациите. За вистински промени не е доволна политиката, ниту реформата на законите. Потребна е дисидентна младинска енергија, составена од поединци со вистински соништа, кои сакаат да ја предизвикаат статус квото преку знаење, храброст и дејствување.

 

Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.  

Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Балкански институт за регионална соработка (БИРЦ)

Продолжи со читање

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • 🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

    Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални […]
    Source

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ

    Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување…

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

  • Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања

    Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените”, кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор