СОСТОЈБАТА СО ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2025 ГОДИНA
Во првата половина од 2025 година, платформата govornaomraza.mk регистрираше висок број случаи на говор на омраза и вознемирувачки говор, при што најзастапени беа содржини насочени кон етничка и национална припадност, како и кон ЛГБТИК+ заедницата. Политичките настани, изборите и Парадата на гордоста дополнително го поттикнаа зголемувањето на навредливи и
дискриминаторски содржини.
Истовремено, проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза“ придонесе за градење институционални капацитети, зајакнување на граѓанското
општество и изработка на клучни анализи и јавни политики.
Овој бриф ги обединува наодите од мониторингот и резултатите од проектот за да понуди интегриран преглед и препораки за системски пристап кон справување со говорот на омраза.
The post СОСТОЈБАТА СО ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2025 ГОДИНA appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.
This post was originally published on this site