[aggregator] downloaded image for imported item #40075

Bure-Cycle – Кружна економија на дело

Eco Logic со гордост го претставува Bure-Cycle – иновативна идеја за креирање на велосипедски паркинзи од пренаменети метални буриња и искористени внатрешни гуми од велосипеди. Со овој пристап го продолжуваме животниот циклус на материјалите кои инаку би завршиле како отпад, ја намалуваме потребата за нови ресурси и ја поттикнуваме еколошката свест во заедницата.

Bure-Cycle претставува повеќе од практично решение – тоа е модел што ја отелотворува филозофијата на кружната економија. Велосипедските паркинзи се функционални, издржливи и визуелно привлечни, а во нивното креирање активно се вклучуваат ученици и локални занаетчии. Со својата креативност и вештини тие придонесуваат кон создавање уникатни производи кои истовремено ја поддржуваат одржливоста и заедничкиот дух.

Овој модел нуди исплатливо решение за градовите, училиштата и јавните простори, и претставува конкретен чекор кон поодржлива урбана инфраструктура.

Финансиска поддршка и партнерства

Eco Logic е добитник на грант за креативниот производ Bure-Cycle во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“. Проектот е финансиран од Европската Унија и се спроведува од Луѓе во потреба (PIN), во партнерство со АРНО, Лидери за Едукација, Активизам и Развој (LEAD) и Ековита.

Почеток на нова урбана одржливост

Со Bure-Cycle започнуваме нова ера на одржливи решенија во урбаните средини. Подготвуваме возбудливи активности кои ќе го обликуваат утрешниот град, а секој може да биде дел од оваа промена.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор