Rabotilnica 19.08.2025 1 750x375

Донесена годишна програма на Младинскиот клуб во с. Извор

Младите од село Извор, Општина Чашка, заедно со тимот на Центарот за активни граѓани АКТИВО во партнерство со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство“поддржан од Европската Унија во соработка со Оштина Чашка, ја изработија и усвоија својата Годишна програма на Младинскиот клуб за 2026 година.

Програмата е резултат на повеќемесечен процес на вклучување на младите преку обуки, креативни работилници и средби со претставници од Општина Чашка. Во неа се содржани активности кои ќе овозможат поттикнување на младинското учество, развој на креативни и професионални вештини, промоција на вредностите на руралниот развој, и зајакнување на соработката меѓу младите и локалните институции.

Со ова, младите од Извор добија свој функционален и отворен простор каде ќе можат да бидат слушнати, вклучени и поддржани, а програмата ќе биде нивна водилка за реализација на идеи и иницијативи во текот на 2026 година. Центарот за активни граѓани АКТИВО ќе продолжи да го поддржува процесот и да обезбедува можности младите од руралните средини активно да придонесуваат за подобрување на заедницата.

The post Донесена годишна програма на Младинскиот клуб во с. Извор appeared first on АКТИВО.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар на активни граѓани АКТИВО Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор