[aggregator] downloaded image for imported item #40332

Втор состанок на мрежата на адвокати и правници кои обезбедуваат поддршка на жени жртви на насилство

Мрежата на Советот на Европа составена од специјализирани адвокати и НВО  кои oбезбедуваат поддршка за жени жртви на насилство го одржа својот втор состанок на 18-19 септември 2025 година во Стразбур, посветен на темата „Обезбедување правна помош и застапување на мигранти, баратели на азил и бегалци, жртви на родово базирано насилство, преку стратешко застапување“. Христина Здравеска, правничка во СТАНИЦА ПЕТ, која е дел од оваа мрежа, учествуваше на состанокот заедно со независни адвокати и претставници од специјализирани женски организации кои обезбедуваат правно застапување на жртвите на родово базирано насилство од 26 земји-членки на Советот на Европа. Оваа мрежа во својата работа се фокусира на зајакнување на капацитетите за застапување, вмрежување и поттикнување на соработка.

Состанокот им овозможи на учесниците да споделат искуства во застапувањето на жени жртви на насилство во постапките за азил, апликации за самостојни дозволи за престој во контекст на семејно насилство и влијанието на условите во центрите за прием на азил. Беа дискутирани различни пристапи за надминување на пречките со кои се соочуваат жените мигрантки, барателки на азил во застапувањето пред националните и меѓународните судови, како и за идентификување на ефективни стратегии за успешно водење судски постапки.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas

    #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

  • Нова Студија за политиките 57!

    Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]
    The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.
    The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

  • Граѓанскиот ресурсен центар во 2025

    Зад нас е година исполнета со соработка, ангажман и заедничко дејствување, во која граѓанските организации беа во фокусот на активностите на Граѓанскиот ресурсен центар, редовно споделувајќи информации, јакнејќи ги нивните капацитети и поддржувајќи процеси релевантни за развојот на граѓанското општество. Во изминатата година, Граѓанскиот ресурсен центар постигна значајни резултати преку бројни активности спроведени за и со граѓанските организации.

  • Граѓанските организации во 2025 продолжија да го менуваат општеството

    Време е за уште едно сумирање на направеното, кое веруваме ќе ни даде на сите причини зошто вреди да продолжиме уште погласно и поодлучно во новата 2026 година. Годината што ја завршуваме беше година на предизвици, но и на солидарност, поврзување и конкретни резултати. Нашата сила останува во заедништвото – кога граѓанските организации, граѓаните и институциите се отвораат за дијалог, се создава простор за промена.

  • Соработка и вклученоста носат одржливи антикорупциски резултати

    МЦМС учествуваше на Конференцијата на државите-страни на УНКАК
    Единаесеттата сесија на Конференцијата на државите-страни на УНКАК (COSP11) се одржа во Доха, Катар, во периодот од 15 до 19 декември 2025 година. Конференцијата беше организирана од државата Катар, во тесна координација со Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC). МЦМС беше дел настанот преку учеството на Александар Кржаловски и Снежана Камиловска Трповска.

  • Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво

    Во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, во Прилеп  се одржа Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво на кој учество зедоа градоначалниците на Општина Прилеп и Општина Крушево, членови на советите на двете општини, претставници на локални здруженија, младински активисти и млади од Прилеп и Крушево. 

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор