EHRA презентираше „community shadow“ извештај за Молдавија пред ООН
На 22 септември 2025 година, Евразиската асоцијација за намалување на штети (EHRA), заедно со Union for Equity and Health и Community PULS, во Женева го презентираше „community shadow“ извештајот за Република Молдавија пред Комитетот на ООН за економски, социјални и културни права (CESCR).
Извештајот е подготвен врз основа на консултации со заедницата и организации од терен и укажува на тоа како казнените политики, задолжителниот нарко-регистар и ограничениот пристап до услуги го нарушуваат правото на здравје и правото на работа.
Овие пораки се релевантни и за Северна Македонија. Кај нас поседувањето на дрога за лична употреба и понатаму може да се гони како кривично дело, иако во 2025 година беа воведени и прекршочни санкции. Истовремено, услугите за намалување на штети се соочуваат со недоволно финансирање и ограничена институционална поддршка, што ги загрозува и сегашните корисници и новите генерации.
ХОПС ја поздравува оваа иницијатива и стои во солидарност со EHRA и партнерите во регионот. Нашата заедничка цел е јакнење на системите за поддршка и промоција на политики засновани на човекови права и докази.
The post EHRA презентираше „community shadow“ извештај за Молдавија пред ООН appeared first on ХОПС.
This post was originally published on this site