Претставување на XXV Вардарска регата “Гемиџии 2025“ на АЛФА ТВ

На 16.6.2025 год. (понеделник), во рамките на утринската програма “Добро утро секое утро“ на АЛФА ТВ, старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, имаше директно вклучување во програмата на оваа телевизаија, а поврзано со XXV Вардарска регата. Во разговорот беше образложена програмата на Вардарската регата од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак , па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун. Регата ќе се реализира од 19 до 24 јуни 2025 год. Во рамките на разговорот беа повикани и приватниот и државниот бизнис сектор за помош за реалзирање на регата.
The post Претставување на XXV Вардарска регата “Гемиџии 2025“ на АЛФА ТВ appeared first on Scout Veles.
This post was originally published on this site