Zoom4 980x523.png

Одржана обука за новите 11 грантисти за спроведување на Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

На 30 јуни 2025 година се одржа онлајн воведна обука за избраните грантисти на повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025. На настанот беа обучени претставници на организациите кои ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со фокус на зголемена транспарентност, кредибилитет и инклузивност.

zoom4 980x523

Со вкупен фонд од околу 110.000 евра, овие грантисти ќе придонесат за зајакнување на граѓанските организации и граѓаните, преку нивно активно учество и ангажирање во мониторингот на Локалните избори планирани во октомври 2025 година. Покрај набљудувањето на изборниот процес, овие грантисти ќе работат на справување со различни предизвици, вклучително и мониторинг на говор на омраза, хибридни закани во дигиталниот простор, мониторинг на јавните набавки од страна на општините во изборната година, но и ќе се фокусираат на специфични целни групи како што се жените, младите, вклучувањето на малцинските групи како Ромите, руралните заедници, лицата со попреченост итн.

“Целта на нашиот проект е да придонесе кон зголемена транспарентност и отчетност во локалната власт преку следење на трошоците за јавни набавки во општините во изборната година, намалувајќи ги можностите за злоупотреба на јавни средства за остварување изборна предност“ рече Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации од Скопје.

Проектот се состои од неколку компоненти, додаде тој: “Подобрена транспарентност преку следење и известување за трендовите во трошењето на јавните средства во општините, со што се намалуваат можностите за нивна злоупотреба во изборите; Зголемена јавна свест преку подобро информирање на граѓаните и медиумите за трошоците за јавните набавки во изборната година, што доведува до поголема јавна контрола и одговорност; Зголемен ангажман на медиумите преку медиумските извештаи и покривањето на наодите од трендовите во јавните набавки што придонесуваат за избалансирани и засновани на факти дискусии за трошењето во изборната година и Зголемена одговорност за ранливите категории преку проценка дали зголемените набавки ги подобруваат условите за живот и работа на жените, младите и маргинализираните групи што придонесува за подобрување на одговорноста при распределба на јавните средства во однос на овие луѓе“.

Институтот за социјална промена ИнСоК од Тетово својот проект: “Фер избори-можности за помалите заедници“  ќе го спроведува во партнертство со Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ од Скопје. “Проектот има за цел да ја подобри транспарентноста, инклузивноста и отчетноста на локалните избори во 2025 година, преку намалување на изборните манипулации и зајакнување на изборните права на помалите заедници и ранливите групи“ рече Самет Скендери од ИнСоК. “Во рамки на овој проект кој ќе го спроведуваме во Тетово, Шуто Оризари, Куманово, Штип и Битола, ќе работиме на  зголемување на информираноста на граѓаните посебно од помалите заедници и ранливите групи; зајакнување на изборниот мониторинг; обезбедување на правна заштита преку формирање на две правни советувалишта за помош на граѓаните со акцент на преставници на помалите заедници и ранливи групи, како и подобрување на медиумската транспарентност преку мониторинг на известувањето за изборите и идентификување на дезинформации“, истакна тој.

Повеќе детали за сите единаесет акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 се достапни на веб-страната на Граѓанскиот ресурсен центар.

На обуката грантистите се запознаа со клучните правила и процедури за спроведување на проекти финансирани од Европската Унија, како што се финансиското работење и потребните пропратни документи за финансиско известување, набавки на добра и услуги во рамки на проектот, како и процесите на мониторинг и известување, комуникација и видливост.

Акциските грантови за поддршка на локалните избори 2025 се дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор