Zakon 1920 x 1080 px 1.png

Kампања „Едукација менува, казната крши“

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја започна кампањата „Едукација менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“. Главната цел на оваа иницијатива е да се нагласи неопходноста од итни реформи во актуелните политики за дроги во Северена Македонија, особено по неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир.

Традиционалните политики на „војна против дрогите“ од минатиот век донесоа огромни штети, криминализирајќи ги луѓето кои употребуваат дроги и туркајќи ги на маргините на општеството. Ова резултираше со ускратување на основните човекови права, вклучувајќи пристап до здравствена грижа и третман.

Како одговор на овие репресивни политики, во 2013 година започна глобалното движење „Support, don’t punish“ („Поддржи, не казнувај“). Оваа иницијатива се залага за политики кои се фокусираат на јавното здравје и човековите права, наместо на прогон и репресија. Целта е да се подигне свеста, да се зајакнат заедниците погодени од овие политики и да се отвори дијалог со креаторите на политиките.

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, повеќе од една деценија е активен дел од оваа глобална кампања. Нашата цел е да го пренасочиме фокусот од казнувањето кон неопходната поддршка и почитување на правата на луѓето кои употребуваат дроги.

Неодамна, Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со кои се воведе парична казна од 100 до 250 евра за поседување наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за лична употреба. Иако предлагачите тврдат дека ова ќе овозможи санкционирање и одвраќање на рецидивистите, ХОПС смета дека овие причини не соодветствуваат со праксата.

Кампањата се фокусира на неколку клучни аргументи:

  • Едукацијата пред казната: Основниот принцип е дека едукацијата и превенцијата се многу поефективни во справувањето со проблемите поврзани со дрогите отколку строгите казнени мерки. Казнувањето, особено за корисниците на дроги, честопати води кон стигматизација, социјална исклученост и влошување на проблемот, наместо негово решавање.
  • Хуман пристап: ХОПС се залага за хуман пристап кон луѓето кои користат дроги, третирајќи ги како индивидуи на кои им е потребна поддршка и помош, а не само казна. Ова вклучува пристап до здравствени услуги, советување и програми за намалување на штети.
  • Потреба од реформи: Постоечките закони и политики за дроги се застарени и неефикасни. Неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кои можеби предвидуваат построги казни, се гледаат како чекор наназад кој потенцијално може да ја влоши состојбата.
  • Глобална поддршка: Кампањата е дел од поширокото меѓународно движење „Поддржи, не казнувај“, што ѝ дава тежина и ја става во контекст на глобалните напори за хуманизирање на политиките за дроги.

Поканети сте на настанот „Едукација менува, казната крши“, дел од глобалната кампања „Support. Don’t Punish“.

  • Кога: 20 јуни, од 20:00 часот Каде: 1020 Kitchen & Bar 📍Лептокарија Што: Дискусија, музика од BB14 x BV14 , live art перформанс на mr. Poked пренесувајќи ја порака „Едукација менува, казната крши“.

Дојдете да размениме мислења и да се забавувамe.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор