2.jpg

Прекинот на поддршката од УСАИД сериозно го погоди граѓанското општество во Северна Македонија

Од почетокот на 2025 година, финансиската поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за Северна Македонија е значително намалена, што создаде сериозни последици врз работата на граѓанскиот сектор.

2

УСАИД, која повеќе од три децении беше стратешки партнер на граѓанското општество, повлече речиси 37 милиони американски долари, планирани за периодот 2025–2028 година. Прекинот најмногу ги погоди областите на: добро владеење и антикорупција, младинско учество, медиуми и образование, демократија и човекови права, економски развој, социјална инклузија и дигитална и сајбер-безбедност.

Vlijanieto od prekinot na finansiskata poddrshkata na USAID vrz makedonskoto gragjansko opshtestvo coverМЦМС подготви анализа која ја опфати финансиската поддршка за периодот 2021–2028 година. Според наодите, до крајот на 2024 година биле активни 23 проекти со вкупна вредност од 74 милиони долари. Во спроведувањето директно биле вклучени, 49 различни организации и компании од кои, 35 се домашни граѓански организации, а 14 се македонски  компании. За македонските граѓански организации и компании биле наменети 40 милиони долари.

Најпогодени програми се: „Партнерство против корупцијата“ со околу 8,5 милиони долари, „Граѓаните против корупцијата“ со околу 4 милиони долари, „Младите размислуваат“ -(YouThink)  и младинскиот проект „Младите активно креираат можности“ – (YACO) со приближно 2,5 милиони долари.

Последиците од оваа одлука се веќе видливи. Организациите кои ги спроведуваа проектите се соочуваат со финансиска нестабилност и намалување на бројот на вработени. Уште поголеми се последиците за развојот на општеството заради прекинување на програмите кои требаше да донесат придобивки во клучните области како што е борбата против корупцијата, работата со младите и градењето отпорност преку медиумската писменост.

Податоците презентирани во извештајот  се собрани и обработени преку деск истражување и анализа од официјалната веб-страница за меѓународна поддршка за развој на САД: https://foreignassistance.gov/. Истражувањето се спроведуваше во периодот февруари – март 2025 година, со фокус на активните програми и активности поддржани од УСАИД  во Република Северна Македонија за периодот 2021–2028 година. Дел од податоците недостасуваат затоа што не постоеја алтернативни извори за потврда.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор