Logo2 naposter mockup 300x300.png

Започна проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“

ХОПС – Опции за здрав живот, во јануари 2025 година започна со спроведување на проектот „Воспоставувањe на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“, финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Целта на проектот е да се воспостави национална, системски поддржана и научно заснована програма за превенција на употреба на дроги меѓу младите, која ќе биде применлива и одржлива во рамките на формалниот образовен систем.

Контекст и потреба

Во услови на отсуство на стандардизиран пристап кон превенција, голем број од активностите кои се спроведуваат во училиштата се ад-хок, неусогласени и неретко неосновани на научни принципи. Проектот има за цел да го смени ова преку воспоставување структуриран и институционален систем на превенција, кој ќе се базира на докази, континуитет и соработка со сите засегнати страни.

Главни активности

Проектот ќе се реализира во текот на 24 месеци и опфаќа:

  • Разработка на национална програма и стандарди за превенција, во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје;
  • Вклучување на 108 средни училишта од различни региони на земјата и идентификација на најмалку 400 стручни лица (наставници, психолози, педагози, социјални работници);
  • Организирање на 9 обуки за 216 учесници, со цел градење капацитети за примена на програмата;
  • Развивање на модел-училиште како конкретен пример за практична имплементација на стандардите;
  • Одржување на 3 јавни настани/форуми, преку кои ќе се поттикне поширока дискусија за пристапите кон младинска превенција;
  • Дистрибуција на информативни и визуелни материјали, вклучително и прирачници, флаери, брошури и брендирани материјали за поддршка на видливоста.

Очекувани резултати

Со воспоставување на стандардизиран систем, проектот има за цел:

  • Да ја подигне свеста кај младите, родителите и наставниот кадар за ризиците поврзани со употребата на дрога;
  • Да придонесе кон создавање институционален одговор базиран на истражување и факти;
  • Да иницира долгорочна вклученост на образовните институции во превентивните политики;
  • Да создаде модел кој ќе биде пример за понатамошно национално ширење и институционално прифаќање.

Проектот се спроведува во партнерство со:

  • Министерството за образование и наука
  • Министерството за здравство
  • Бирото за развој на образованието
  • Институтот за јавно здравје
  • Средни училишта од различни региони

 Дисклејмер

Проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“ е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на ХОПС – Опции за здрав живот и не ја одразува нужно гледната точка на Европската Унија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор