[aggregator] downloaded image for imported item #37473

Средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 3 јуни 2025 година се одржа средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ.

Целта на оваа средба беше унапредување на мултисекторската соработка меѓу надлежните институции кои се вклучени во спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Особено внимание беше посветено на предизвиците и практиките во имплементацијата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и на можностите за поефикасна институционална реакција.

На средбата учествуваа претставници од:

  • Центар за социјална работа
  • ПС Прилеп
  • ЈЗУ Општа болница Прилеп
  • Локална самоуправа.

Средбата претставуваше важна платформа за отворен дијалог и директна размена на информации меѓу институциите кои имаат клучна улога во справувањето со родово базираното и семејното насилство.

Во текот на дискусиите беа идентификувани конкретни случаи и ситуации во кои недоволната комуникација или неусогласените интервенции довеле до доцнење или недоволна заштита на жртвите. Овие примери ја истакнаа потребата од:

  • Навремена размена на информации меѓу институциите
  • Јасни и стандардизирани протоколи за постапување
  • Редовни интерсекторски состаноци
  • Подобрување на механизмите за следење на случаи и интервенции

Во конструктивна и отворена атмосфера, учесниците разменија искуства, укажаа на конкретни предизвици од теренот и истакнаа потреба подобрување на комуникацијата и координацијата меѓу институциите.

Семејното насилство не може да се решава од една институција сама. Потребна е заедничка работа, добра комуникација и постојана соработка меѓу сите надлежни служби. Оваа средба беше важен чекор кон подобро разбирање и поефикасно заедничко делување.

Оваа активност е дел од проектот „ Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата “, кој го спроведувa Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп“, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство “, финансирана од Европската Унија, а предводена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп, и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите и гледиштата на Европската Унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор