Dsc 9669 mcms1.jpg

Верските лидери потпишаа Декларација против насилен екстремизам

Ние, потписниците на оваа Декларација, „го осудуваме насилниот екстремизам и сите облици на насилство, без оглед на нивниот извор, облик или мотив. Верата е повик на мир, а не на омраза; на дијалог, а не на осуда.“

DSC 9669 MCMS1

Ова е дел од Декларацијата на верските лидери во Република Северна Македонија против насилен екстремизам што ја потпишаа неговото блаженство г.г. Стефан – Архиепископ на Македонска православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА); Шаќир еф. Фетаху – Реис-ул-улема на Исламска верска заедница (ИВЗ) во Република Северна Македонија; Монсињор д-р Киро Стојанов Бискуп скопскиот и скопско-струмички епарх; Пепо Леви, Претседател на Еврејска заедница во Република Северна Македонија; Марјан Димов – Суперинтендент на Евангелско-методистичка црква  (ЕМЦ) во Република Северна Македонија, како и Оливера Трајковска – Директорка на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и Александар Кржаловски, директор на МЦМС.

„Сведоци сме на нови феномени во општеството на кои треба да одговориме“, рече Трајковска пред потпишувањето на Декларацијата. „Верските лидери се клучни фактори во општеството и сметаме дека можат да направат исчекор во борбата против насилниот екстремизам“, додаде таа објаснувајќи го мотивот за потпишувањето. „Верските заедници заедно со институциите и граѓанскиот сектор можат успешно да одговорат на овој опасен предизвик за нашето општество“ истакна таа.

Untitled design MCMS1

Со Декларацијата, потписниците се обврзаа да придонесуваат за зајакнување на отпорноста на заедниците – особено кај младите и ранливите групи, да соработуваат со сите општествени чинители – институции, граѓански организации, образовни установи и медиуми – во напорите за превенирање и спречување насилен екстремизам (П/СНЕ) и да работат против секоја злоупотреба на верата за политички, идеолошки или насилни цели кои се спротивни на нејзината суштина и длабоко ја нарушуваат меѓусебната доверба, мирот и кохезијата во нашето општество.

Верските заедници се меѓу клучните чинители во превенцијата и спречувањето на насилниот екстремизам. Нивното присуство во заедниците, активностите со граѓаните/верниците, довербата која граѓаните ја имаат во нив можат да бидат од голема полза во зајакнувањето на заедниците како целина и успешно спротивставување на овој феномен. Имајќи го ова предвид Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) ја иницираа оваа Декларација која беше потпишана на 13 мај 2025 година во Клубот на пратеници во Скопје.

0 02 05 ba9d7fe2a1db77a88ccfb9af7a366a84eab8046e63f8cb5b86ddfd40a6ffe3a5 44d68c5308d712e2 MCMS1

„Со оваа декларација ја потврдуваме нашата заложба за општество засновано на достоинство, дијалог и меѓусебна почит, и ја изразуваме подготвеноста за понатамошна меѓуверска соработка во градењето на општество отпорно на омраза, поделби и влијанија што го нарушуваат соживотот – за сите граѓани, во заедничка борба против насилниот екстремизам“, се вели на крајот на овој документ.

Настанот е дел од проектот „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува МЦМС во партнерство со Нексус – граѓански концепт и Здружението за активен и здрав развој на жените и децата „Плеиадес“.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор