Si leader lab 1024x512.jpg

SI Leader Lab

SI Leader Lab е дизајниран за зајакнување на капацитетите на организациите кои спроведуваат успешно застапување поврзано со демократија, човекови права или слобода на изразување. Програмата ги обединува влијателните лидери од граѓанското општество кои се отворени за нови дигитални решенија и иновативни методи. Мрежата се состои од колеги од различни потсектори и им овозможува на учесниците широко познавање од различни области во оваа сфера. SI Leader Lab повикува 100 учесници од Источна Европа, Западен Балкан и Турција.

Програмата комбинира онлајн работилници во рамки на регионални и преку-регионални групи за учење, заедно со редовна коучинг поддршка. Во мај, сите 100 учесници ќе се соберат во Стокхолм за интензивна недела на учење на лице место, што го продлабочува искуството и ја унапредува соработката.  Оваа програма претставува можност за развој на активностите за застапување и стратешкиот пристап на вашата организација. Исто така, претставува можност за личен раст како лидер, размена на знаења, воспоставување нови врски и тестирање на иновативни алатки и методи со колеги.

Програмата вклучува и личен и професионален развој. Не само што добивате обновена самодоверба и увиди како лидер, туку и можност да истражувате и развиете алатки за градење на покултурна и одржлива работна средина и за зголемување на влијанието.

За да се поддржи организациската имплементација на програмските алатки и методи, SI ги охрабрува и колегите од истите организации да аплицираат за програмата. Сите апликации ќе бидат оценети индивидуално, но организациите со повеќе од еден квалификуван кандидат обично добиваат приоритет при изборот.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор