Romani flag naslovna1.jpg

Нема напредок во борбата против дискриминацијата на Ромите

Денешниот празник 8 Април, меѓународниот ден на Ромите ги слави ромската култура и историја, како и нивниот придонес во различни сфери на животот. Во нашето општество и покрај заложбите за рамноправен статус на граѓаните Роми, тие сè уште не ги уживаат целосно сите права што им припаѓаат.

Ромските граѓани често се соочуваат со маргинализација,  им недостасува пристап до основни ресурси како што се чиста вода и доволна исхрана. Покрај тоа, постојаните нееднаквости во пристапот до клучни услуги, како што се квалитетно образование, вработување, станбени услови и здравствена заштита.

Дискриминацијата што се врши кон ромската популација води кон дехуманизација, а расизамот е во сржта на таа повеќекратна дискриминација со која Ромите секојдневно се соочуваат и тоа најмногу се гледа во односот на институциите кон нив, но и во третманот кој го добиваат од страна на општеството во целина. Ромите остануваат најзагрозена и економски најранлива заедница во земјата, а загрижувачки присутни се и појавите на стигма и предрасуди.

Во 2024 година, Основниот граѓански суд во Скопје утврди дека Владата на Република Северна Македонија, Министерство за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Државниот просветен инспекторат, Општина Битола и Општина Штип сториле дискриминација – сегрегација на децата Роми во образовниот процес. Тужбата за заштита од дискриминација од јавен интерес ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Говор на омраза и вознемирувачки говор кон припадници на ромската заедница, речиси секој месец се регистрираат од страна на Хелсиншкиот комитет.

Расното профилирање на Ромите и понатаму останува клучниот фактор кој го спречува еднаквиот пристап до добра и услуги и го засилува нивниот маргинализиран статус во општеството. Поради ова, Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека реални подобрувања се можни само преку значителна промена на односот на државните органи кон ромската заедница, особено во областите како образование, здравство, домување и вработување. Само со системски промени се гради целосна инклузија и подобро општество.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт

    Според Индексот на отвореност за 2024 година, исто како и претходната година, Владата на Северна Македонија е најотворена институција меѓу групите од извршната власт, министерства и органи на државната управа, исполнувајќи 77,32 % од критериумите. Во споредба со претходната година има забележано пад од минимален 1 отсто, кој се повторува втора година по ред. Фондација […]
    The post Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт first appeared on Metamorphosis.

  • Програма за Текстилијада #9

    📢 ТЕКСТИЛИЈАДА 9 – Штип03–04 октомври 2025 📅 Петок, 03.10.2025 10:00 – Отворање на „Текстилијада 9“ – Откривање на мурал „Иднината

  • МЛАДИТЕ УЧЕА КАКО ДА ВРШАТ МОНИТОРИНГ НА РЕЧНИТЕ КОРИТА

    Младите од Општина Карпош, Општина Зелениково и Општина Ѓорче Петров, учеа како да вршат мониторинг на речните корита.

    Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Center for Environmental Democracy – Florozon и Еко Логик.

    Настанот е дел од проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан – Фаза 2“, поддржан од U.S. Forest Service and Department of Defense EUCOM and Forest Service International Foundation.

    Настанот започна во 09:30 часот со едукативна сесија, по што следеше практична теренска вежба на реката Лепенец. Таму младите учесници и претставници од општините имаа можност директно да ја применат СВАП методологијата (Stream Visual Assessment Protocol) и да научат како се проценува состојбата на едно речно корито. Дополнително, беа идентификувани и жешки точки долж реката Лепенец.

    Целта на овој настан беше да ги запознае младите и претставниците од општините со современи методи за проценка на квалитетот на водните текови, да ги зајакне капацитетите на локалните чинители – институции, граѓански организации и експерти, како и да поттикне поширока јавна дискусија за заштита и одржливо управување со водните ресурси.

    Настанот беше наменет за млади на возраст од 15 до 30 години како и за претсавници од општините од општините Карпош, Зелениково и Ѓорче Петров, кои преку интерактивна едукација и теренска работа стекнаа нови знаења и вештини за мониторинг и заштита на речните корита.

  • Младите од општина Карпош, општина Зелениково и општина Ѓорче Петров,  учеа како да вршат мониторинг на речните корита

    Скопје, 24 септември 2025 година Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и Еко Логик. Настанот е дел од проектот „Брза проценка […]

  • Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40%

    Фондација Метаморфозис и Рурална Коалиција ги претставија наодите од Процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија изготвена преку Индексот на отвореност за 2025 година на тематскиот форум „Отворена општина – активна заедница“. Процената претставува длабинска анализа на работата на локалната самоуправа која дава резиме на вкупните перформанси на локалната […]
    The post Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40% first appeared on Metamorphosis.

  • Пријави се за коучинг сесија за справување со родово базирано сајбер насилство во Штип

    Иницијатива за европска перспектива во партнерство со ГО Заеднички вредности а во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство, започнува спроведување на групни коучинг сесии во 4 градови низ земјата (Скопје, Куманово, Штип, Струмица).  ✨ Што добиваш?🔹 Специјално развиена програма за коучинг🔹 Мултисекторско учење: правници, психолози и експерти за сајбер-безбедност Повикот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор