Untitled Design (5)

Одржаната средба со деканката на Правен факултет Кичево

Правен факултет – Кичево, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола кој што има дисперзирани студии во Битола и Струга го мапиравме како еден од локалните чинители кој што може многу да придонесе во формалната и неформалната едукација на младите и локалната заедница на теми поврзани со родовата еднаквост и унапредувањето на примената на родово-одговорни локални политики и мерки

Како образовна институција претставува дел од клучните чинители со кои што треба да се работи кога говориме за теми поврзани со родовата еднаквост затоа што студентите се тие кои што веќе имаат изградени ставови за општественото живеење и може многу да придонесат во јакнење на свеста во локалната заедница за потребата од создавање на еднакви можности и за мажите и за жените, но и за утврдување на специфичните потреби на разаличните категории на граѓани кои што се јавуваат во локалната заедница.

На средбата со деканката на Правниот факултет, проф. д-р. Светлана Вељаноска, нашата извршна директорка, Liljana Jonoski го презентираше проектот „Еднакви можности за СИТЕ: Градење на родово-одговорни одржливи локални заедници“ кој што Рурална Коалиција го спроведува од ноември минатата година, како и досега постигнатите резултати.

На средбата беа разгледани детално предвидените активности со деканката, која што ја изрази својата подготвеност за вклучување во проектот особено во делот на спроведување на локалната промотивна кампања “Женска рурална акција“, како и анимирање на студентите да се вклучат во организирањето и реализацијата на истата

Оваа иницијатива е дел од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, реализиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, a финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор