Zso

Анализа – Соодветна заштита, помош и поддршка на жртвите на РОДОВО – БАЗИРАНО и СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО во општина Шуто Оризари

Општина Шуто Оризари, како една од 10-те урбани општини на територија на град Скопје, се соочува со сериозни предизвици во однос на обезбедување заштита на жртвите на рзодово- базирано и семејно насилство.
Според извештаите на локалните здруженија на граѓани, насилството врз жените во Шуто Оризари е често присутно, а жртвите се без соодветна поддршка и ресурси. Фактори какви што се економската нестабилност, сиромаштијата, недостаток на образование и културните предрасуди ја зголемуваат ранливоста на жените што живеат во оваа општина.

Жените во општината Шуто Оризари, особено Ромките, и натаму наидуваат на голем број пречки при остварување на правото на заштита од семејно и родовобазирано насилство1, особено при пристапот до институциите, па оттука е забележана и висока недоверба кон институциите.

Според податоците од последниот Попис на население во Република С Македонија од 2021 година2, во општина Шуто Оризари живеат 25 726 лица; од нив 50,37% се мажи, а 49,63% се жени. Според етничка припадност, составот на населението во општина Шуто Оризари е следен:

• Роми 43,80% (мажи 50,11%, жени 49,89%)
• Албанци 34,32% (мажи 51,20%, жени 48,80%)
• Македонци 3,52% (мажи 50,44%, жени 49,56%)
• Други 18,36% (мажи 52,94%, жени 47,06%)

Публикацијата „Соодветна заштита, помош и поддршка на жртвите на родово-базирано и семејно насилство во општина Шуто Оризари“ е еден од резултатите од спроведените активности во рамките на проектот „Зајакнување на женскиот глас“, што го спроведува здружението „Иницијатива на правата на жени од Шуто Оризари“. Овој проект се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република С Македонија.

Повеќе за анлизата на следниот линк:

Анализа Соодветна заштита, помош и поддршка

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ ОД ШУТО ОРИЗАРИ Скопје

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор