Slika Trite Mrezhi Fotor Naslovna.png

Измените на Законот за полиција се чекор назад во заштитата на жртвите на семејно и други форми на насилство врз жени

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација изразуваат длабоко несогласување и загриженост за предложените измени на Законот за полиција, кои значат чекор назад во заштитата на жртвите на семејно и други форми на насилство врз жени. Овие измени воведуваат несигурност и дополнителни бариери кои сериозно ја влошуваат безбедноста на жртвите.

Што предвидуваат измените?

Со важечкиот закон на полициски службеник кој сторил семејно насилство оружјето ќе му се одземе штом ќе се добие известување од надлежниот центар за социјална работа и одземањето трае се до правосилно завршување на судската постапка која се води против тој службеник.

Меѓутоа, со изменетиот член 31 од предлог законот, ја дерогира оваа можност и предвидува спроведување на цела постапка од внатрешната контрола при МВР, која потоа дава мислење дали треба на полицискиот службеник да му се одземе оружјето.

Ваква предложената измена на овој член е во спротивност со Истанбулската Конвенција и со Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство и доколку би се усвоила како таква би ги довела во прашање спроведувањето на привремените мерки за заштита на жртвите на овие форми на насилство.

Исто така со овие измени се брише членот 31-а со кој што раководителот на организациската единица беше обврзан да го упати на задолжителен психолошки и психијатриски преглед полицискиот службеник кој е обвинет за кривично дело или прекршок со елементи на насилство или за кој е добиено известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство и со кој се обврзува наодот од таквиот преглед да се достави до  Министерството за внатрешни работи.

Усвојувањето на овие измени ќе ги остави жртвите на родово базирано и семејно насилство незаштитени и го зголемува ризикот од ескалација на насилството од страна на сторителот.

Доколку поминат овие измени, недовербата која жртвите ја имаат кон  институциите само ќе се зголеми, особено кога насилникот е дел од полицискиот систем.

Оттука, категорично се спротивставуваме на предложените измени на Законот за полицијаБараме итно повлекување на истите, со цел да се осигура дека законот навистина ќе биде во служба на заштитата на сите граѓани, особено на најранливите.

Во продолжение е поопширно правното мислење кон реакцијата на предложените измени на Законот за полиција:

Во известувањето за почетокот на процесот на подготовка на предлог-законот за измена и дополнување на Законот за полиција е наведено дека целта на предлог-законот е да овозможи содржинско и нормативно-правно допрецизирање на законските решенија во правец на нивно унапредување и усогласување со прописи донесени по донесувањето на основниот текст на Законот за полиција. Во нацрт-извештајот за процена на влијанието на регулативата е допрецизирано дека се врши усогласување на Законот за полиција со Законот за внатрешни работи, со цел хармонизирање на прописите во надлежност на Министерството за внатрешни работи и надминување на недоследностите на конкретни законски решенија.

Но, со увид во Законот за внатрешни работи, произлегува дека токму одредбите кои се бришат од Законот за полиција се целосно уредени во Законот за внатрешни работи. Дотолку повеќе што  овие одредби истовремено се усвоиле и во Законот за полиција и Законот за внатрешни работи – измените се објавени во истиот Службен весник бр. 33/15 од 05.03.2015 година.

Член 155-а од Законот за внатрешни работиЧлен 31-а од Законот за полиција
  (1)     Работник на Министерството кој е овластен да носи службено оружје, а за кој е поведена постапка за кривично дело или прекршок со елементи на насилство, односно за кој е добиено известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство, раководителот на организациската единица во која работи го упатува на задолжителен психијатриски и психолошки преглед односно советување со психолог (психолошко советување). (2)     Наодот од психијатрискиот и психолошкиот преглед, односно советувањето со психолог (психолошко советување) со задолжителен наод и мислење за способноста на работникот да биде распореден на работно место со овластување за носење и употреба на службено оружје, се доставува до Министерството.  Полицискиот службеник за кој е поведена постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, односно за кој е добиено известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство, раководителот на организациската единица во која работи го упатува на задолжителен психијатриски и психолошки преглед односно советување со психолог (психолошко советување).     Наодот од психијатрискиот и психолошкиот преглед, односно советувањето со психолог (психолошко советување) со задолжителен наод и мислење за способноста на полицискиот службеник да биде распореден на работно место со овластување за носење и употреба на службено оружје, се доставува до Министерството.

Иако одредбата во оваа форма останува во Законот за внатрешни работи, иако Законот за полиција се повикува на Законот за внатрешни работи, сметаме дека постоењето на овој член како таков во Законот за полиција е од големо значење, бидејќи целосно и недвосмислено упатува на сериозен, сеопфатен третман во борбата против насилството и особено семејното насилство, кога сторител е полициски службеник.

Од друга страна, одредбата од член 31, особено одредбите од ставовите 2-4 на овој член се од особено значење бидејќи ја вршат најзначајната превентивна функција кога против лице кое поседува службено оружје се поведува кривична постапка за насилство или семејно насилство – одземање на оружјето.

Сегашен член 31Предлог-измена на член 31
  Полицискиот службеник е овластен да носи оружје и други средства за присилба.   Оружјето од ставот (1) на овој член со муницијата, времено ќе му биде одземено на полицискиот службеник за кој е започната постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, до правосилноста на одлуката во кривичната односно прекршочната постапка.   На полицискиот службеник времено ќе му се одземе оружјето од ставот (1) на овој член со муницијата, кога Министерството ќе добие известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство, до правосилноста на одлуката на надлежниот суд за привремена мерка за заштита.   Одземањето на оружјето и муницијата од ставовите (2) и (3) на овој член, трае до завршувањето на постапката која последна ќе заврши со правосилна одлука.  Полицискиот службеник е овластен да носи оружје и други средства за присилба.   Во случај кога е пријавено односно кога е добиено сознание за сторено кривично дело со употреба на оружје од страна на полициски службеник, организациската единица надлежна за внатрешна контрола во Министерството презема мерки согласно закон и изготвува извештај во кој се произнесува во однос на прашањето дали е потребно времено да се одземе од полицискиот службеник службеното оружје и муницијата.   Во случај на времено одземање на оружјето и муницијата од ставот 2 на овој член, полицискиот службеник времено се распоредува на соодветно работно место во Министерството без овластување за носење и употреба на службено оружје.   Одземањето на оружјето и муницијата трае до правосилноста на одлуката донесена во постапката која се водела против тој полициски службеник за кривичното дело поради кое му е одземено оружјето.

Видно од предложената измена, наместо досегашното решение со секоја постапка за кривично дело насилство или семејно насилство на лицето кое поседува службено оружје, оружјето веднаш да му се одземе, се носи преодно решение во кое ќе се прави посебна процена дали е воопшто потребно да се одзема службено оружје од лице против кое се води кривична постапка за насилство сторено со употреба на оружјеИмено, самиот Закон за полиција предвидува дека средствата за присилба, меѓу кои и огненото оружје, можат да се употребат само ако целта на постапувањето на полицијата не може да биде остварена на друг начин (член 80, став 3). Ова значи дека огнено оружје може да се употреби исклучиво како последен чекор и под одредени услови. Овој принцип има толкава тежина што во никој случај не може да се дозволи прво да се проценува за потребата за одземање на оружјето, наместо веднаш времено одземање на оружјето до спроведување на соодветната постапка. Дополнително, семејното насилство често и се случува без употреба на оружје, самото поседување на оружје е начин на заплашување, малтретирање и загрозување на животот на жртвата. Оттаму и новиот член е целосно спротивен на напорите за заштита на жртвите на семејно насилство.

Дополнително на ова, се брише и посебната одредба со која се уредува дека доколку ЦСР го извести Министерството за внатрешни работи дека полицискиот службеник сторил семејно насилство треба оружјето веднаш да му се одземе.  Во пракса ова значи дека доколку станува збор за насилно кривично дело во кое полицискиот службеник не користел оружје ќе се цени дека не постои основ за одземање на службеното оружје! Во контекст на семејно насилство ова сериозно ја влошува позицијата на жртвите чиј насилник е полициски службеник. Најпрво е избришана најголемата олеснителна околност за нив – околноста да го пријават насилството во Центарот за социјални работи, а да не мораат да пријават во полиција, а потоа, за да ја добијат соодветната заштита во домот, мора да докажат дека насилникот против нив користел оружје! Тука мораме да потенцираме дека во најголемиот број случаи семејното насилство не е изолиран испад туку серија на разни видови на насилства кои не секогаш се физички, но може да содржат закана за употреба на сила, а кога сторителот има службено оружје кое не му е одземено, заканата е прилично реална.

Сакаме да потенцираме и дека постапката за одземање на оружје од сторител при вршење на семејно насилство не се однесува само на полициски службеници. Напротив, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство уредува дека кога полициски службеник излегува на лице место по пријава за насилство врз жени или семејно насилство привремено го одзема оружјето од сторителот и покренува постапка предвидена со закон за одземање на дозволата за оружје, дозволата за колекционерско оружје односно дозволата за носење на оружје. (член 49 ст.1 и 4 од Законот). Сето ова се прави превентивно, за да не дојде до користење на оружјето од страна на пријавеното лице во афект или заради одмазда за пријавувањето на насилството.

Во овој закон е и обврската на Центарот за социјални работи секогаш кога има сознание дека родово-базирано насилството е сторено од лице кое поседува огнено оружје веднаш го известува Министерството за внатрешни работи. Доколку станува збор  за  лице кое има пристап и ракува со службено огнено оружје, ЦСР веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа, доставува писмено известување до институцијата или правното лице во која лицето е вработено и за истото го известува Министерството за внатрешни работи. (член 48 од Законот). Оттука, со бришењето на ставот 3 од член 41, се врши и повреда на одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство.

****

Со овие измени, на жртвите на семејно насилство им се испраќа порака дека нивната безбедност е условена, дека институциите ќе проценуваат дали нивниот страв е доволно „оправдан“ за да се преземат мерки и дека ако нивниот насилник е полициски службеник, тој ќе има привилегија да остане вооружен додека системот одлучува дали поседувањето службено оружје претставува закана. Наместо итна и недвосмислена заштита, тие добиваат неизвесност, дополнителен товар да го докажуваат сопственото страдање и чувство дека институциите повеќе се грижат за правата на сторителот отколку за нивната безбедност. Ако претходно можеа да се обратат до Центарот за социјални работи и да знаат дека тоа ќе резултира со итно одземање на оружјето, сега им се вели дека мораат да се изложат пред полицијата – можеби пред колегите на нивниот насилник – и да чекаат дали системот ќе одлучи да ги заштити.

Ова не е само законска измена, туку порака дека жртвата мора да се бори на два фронта – против насилникот и против институциите што треба да ја заштитат, но сега ѝ наметнуваат дополнителни бариери. Наместо да почувствува сигурност, на жртвата ѝ се вели дека нејзиниот збор не е доволен, дека дури и ако преживее насилство, ќе мора да се докаже како „доволно загрозена“ за да добие заштита. На овој начин, законот наместо да биде нејзиниот штит, станува уште една пречка што ќе мора да ја надмине за да преживее.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор