Magazin 1080 X 720 Px 1920 X 1080 Px.png

Граѓаните сметаат дека треба да бидат внимателни во односите со другите луѓе

МЦМС го спроведе редовното истражување на општата доверба и довербата во институциите. Резултатите покажуваат дека довербата во луѓето останува поделена, односно нешто над половината од граѓаните (52,6%) изјавиле дека имаат целосна или делумна доверба во луѓето. Најголема сигурност граѓаните чувствуваат во својот најблизок круг, па околу 2/3 рекле дека имаат доверба во соседите, додека довербата во колегите (52,8%) и сонародниците (52,2%) е мнозинска но, значително пониска. Најголема претпазливост испитаниците изразуваат кон непознатите, при што 84,1% изјавиле дека имаат целосна или делумна недоверба.

Меѓучовечката доверба е на ниско ниво, при што 84,9% од граѓаните сметаат дека треба да бидат внимателни во односите со другите, а само 14,3% веруваат дека на повеќето луѓе може да им се верува. Овој висок степен на претпазливост се потврдува и кај одговорите на прашањето: „Дали сметате дека луѓето воопшто би ве искористиле или ќе се обидат да бидат чесни кон вас?“ Вкупно 76,0% од испитаниците сметаат дека луѓето би се обиделе да ги искористат. Од нив, најголем дел (21,5%) силно веруваат во тоа, позиционирајќи се на најниската точка од скалата.

Нема раст на довербата кај ниту еден од општествените сектори споредено со резултатите од анкетата направена во 2021 година. Банките и финансиските институции (59,2%) и понатаму уживаат највисоко ниво на доверба. На исто ниво како во 2021 година е довербата во медиумите (55,5%), деловниот (51,2%) и граѓанскиот сектор (49,6%). Најголем е падот на довербата во јавниот сектор (од 46,8% на 27,1%), потоа следуваат политичките партии (од 36,2% на 27,6%) и меѓународната заедница (од 46,2% на 39,5%). Во споредба со 2021 година, најголем пад на довербата е забележан кај етничките Албанци, особено во јавниот сектор и политичките партии. Кај етничките Македонци, најзначителен пад има во јавниот сектор.

Проверката на довербата во различните професии покажа дека граѓаните најмногу им веруваат на наставниците и професорите, со целосна или делумна доверба од 72,0%, а веднаш по нив се свештениците и верските лица (70,8%) и лекарите (65,9%). Од друга страна, судиите (18,4%) и цариниците (22,9%) се професиите во кои граѓаните имаат најмалку доверба, додека деловните, бизнис-консултантите (44,9%), полицијата (44,0%) и државните службеници (36,5%) се рангираат нешто подобро, но сепак остануваат во рамките на малцинството.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Анкетата е направена во периодот од 20 април до 25 мај 2024 година. За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Првомајски одредски тим билдинг

    Во периодот од 1-3.05.2026 год. нашите членови во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село организираа одредски тим билдинг кој го водше началникот на одред Иван Гушев. На овој одредски тим билдинг се работеше на следните подрачја: подготовки за наредните акции, Вардарска регата “Гемиџии“ и други пловидби, изборната настава по Извидништво…

  • Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на ТВ Сител

    На 1.5.2026 год. (петок), во утринската програма на ТВ Сител во Скопје “Ја сакам Македонија“  претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо како главни организатори на Вардарската регата, земаа учество во споменатата емисијата со водителот Александар Блажевски. За потребите на оваа…

  • Доделени годишните награди на СЕММ за новинарски стории

    Советот за етика во медиумите на Македонија денеска ги додели годишните награди за најдобра новинарска сторија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“.
    Првата награда ја доби новинарот Михајло Милошески, од „360 степен… Повеќе… “Доделени годишните награди на СЕММ за новинарски стории”
    Source

  • Работилница за дигитални платформи: Потребен е нов Закон за медиуми и регулација на социјалните платформи

    Сеопфатен нов Закон за медиуми, регулирање на платформата на социјалните медиуи, заштита на малите локални медиуми, а надлежните институции треба да гарантираат дека сите фази од подготовката на ново законодавство за онлајн-медиумите се транспарентни, инклузивни и спроведени преку соработка со сите релевантни засегнати страни. Ова се само дел од препораките истакнати на денешната работилница за […]

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • Во Гостивар одржан јавен настан за ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    Денес, втор ден по ред, во Гостивар се одржа јавен настан во рамки на процесот на ко-креирање на новиот седми Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028 година. Настанот го организираше Министерството за јавна администрација во соработка со Фондација Метаморфозис и Центар за граѓански комуникации, со цел да се поттикне активно учество на засегнатите страни во дефинирањето на приоритетите […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор