Platforma Za Rodova.png

Манифест на Платформата за родова еднаквост

Во рамките на Платформата за родова еднаквост под родова еднаквост ние подразбираме концепт, феминистички идеал, стремеж и сон за постојано (ре)обмислување и предизвикување на општествените системи на моќ, кон прераспределба на истата, како и прераспределба на ресурсите и знаењето, кон колективно ослободување, што подразбира слобода за мене, но и за другиот (другите), имајќи ги предвид околностите во кои се раѓаме и растеме, и конечно што подразбира животот на планетата земја да е воопшто можен.

Ние како членки на Платформата за родова еднаквост дејствуваме во интерес на девојчињата, девојките, жените и родовите малцинства во сите нивни различности, особено оние кои што се најранливи на родовите препреки во општеството како што се: жените жртви на насилство, жените од руралните средини, жените работнички и жртви на експлоататорски услови за работа, жените со попречености, сексуалните работнички, трансродовите жени, лезбејките и бисексуалните жени, жените од сите етнички малцинства, како и бранителките на женски права.

Родовата еднаквост го вклучува правото да се биде различен/а. Ова значи да се земат предвид постоечките разлики меѓу жените и мажите, кои се поврзани со полот, родовиот идентитет, класата, политичкото мислење, религија, етничка припадност, раса или сексуална ориентација.

Како организации и активистки што се во постојана спрега со опресивните патријахални сили и опресијата, често пати таргетирани, изморени и обесхрабрени од ваквите малигни струи, се обврзуваме да создадеме средина во Платформата којашто е безбедна за нашите членки и да создаваме односи помеѓу нас коишто се базирани на почит, поддршка, солидарност, грижа и можност да учиме едни со други.

Користејќи ја борбата за родова еднаквост како алатка, носителка на можноста за носење на позитивни промени и колективно ослободување од родовите стреотипи и предрасуди, ги застапуваме следните вредности:

  • Феминизам – Наднационално, политичко и социјално движење за  општествена трансформација која цели да создаде свет во кој нема ограничувања врз основа на родот и родовиот идентитет.
  • Инклузивност – Поттикнување на вклучување, соработка, доверба и почит преку нашите постапки како и спротивставување на дискриминацијата и исклучувањето во која било форма.
  • Солидарност – взаемна поврзаност и взаемна одговорност преку укажување на поддршка, заедништво и разбирање во врска со борбата за родова еднаквост, против интерсекциската дискриминација.
  • Интерсекционалност – во контекст на Платформата за родова еднаквост интерсекционалноста претставува принцип на праведност, солидарност и колективна одговорност кој препознава дека угнетувањето и привилегијата не се единечни, туку испреплетени искуства обликувани од повеќе идентитети—пол, род, раса, класна припадност, сексуалност, способност, попреченост, етничка припадност и други општествени фактори. Како вредност, интерсекционалноста бара критичко преиспитување на системите на моќ и создавање простори за оние кои историски биле потиснати. Таа го поставува фокусот врз колективното ослободување наместо индивидуалниот успех, гради сојузништва преку разлики и поттикнува трансформативни политики што овозможуваат еднаквост, правда и достоинствен живот за сите. Интерсекционалноста не е само аналитичка рамка, туку етичка заложба за свет без доминација, каде што се препознава и почитува комплексноста на сите борби и идентитети.
  • Вмрежување – како политички чин на солидарност и заемна поддршка кој ги надминува традиционалните хиерархии на моќ.  Тоа претставува создавање простори на поврзаност, размена и колективна грижа што ја преиспитуваат доминацијата на патријархатот, капитализмот и структурната дискриминација. Вистинското вмрежување е радикален чин на градење сојузништва кои овозможуваат автономија, засилуваат маргинализирани гласови и поттикнуваат трансформативна промена за општество засновано на правда, еднаквост и ослободување.
  • Заедничарење – распределување на ресурси, идеи и вештини со цел да се овозможат подобри услови и состојба на сите во заедницата, преку заедничко учество во нејзиното креирање. Заедничарењето може да биде креативен и инклузивен процес што го засилува чувството на припадност и соединување меѓу луѓето во заедницата.
  • Емпатија – Слушање, разбирање, сочувствување и земање предвид на различните искуства, грижи и потреби и обезбедување соодветна реакција.
  • Интегритет – Чесност, професионализам, одговорност и транспарентност со цел да се донесат промените потребни за постигнување правда.
  • Телесна автономија – Мое тело – Мој избор! Речиси половина од жените во 57 држави во развој им се негира правото да одлучуваат дали да бараат здравствена заштита, дали да имаат сексуални односи со своите партнер(к)и или да користат контрацепција. Телесната автономија гарантира дека жените и девојчињата имаат контрола врз совите тела, и со тоа се охрабруваат да донесуваат автономно одлуки за себе. Тие добиваат не само во смисла на автономија, туку и преку напредок во здравството и образованието, приходите и безбедноста.
  • Социјалната правда разбрана како тековната борба за разбивање на системското и економското угнетување при прераспределба на моќта, ресурсите и признавањето правично низ сите идентитети и искуства. Таа борба е вкоренета во интерсекционалноста, феминизмот и сексуалното ослободување, кое го предизвикува хетеро-патријархатот, надмоќ, капитализмот и сите форми на исклучување. Социјалната правда замислува свет каде автономијата, колективната грижа и радикалната солидарност ги заменуваат структурите на доминација, обезбедувајќи историски маргинализираните гласови да ја водат трансформацијата кон достоинство, еднаквост и слобода за сите.
  • Анти-национализмот е целосно отфрлање на угнетувачките структури на доминација на националната држава, препознавајќи како национализмот ги зајакнува границите, милитаризмот, патријархатот и исклучувачките идентитети. Антинационализмот ги предизввикува начините на кои национализмот ги искористува полот, родот, етникумите, националниот идентитет, сексуалноста и класата за да ги поддржи хиерархиите на моќта. Тоа е посветеност на транснационална солидарност, колективно ослободување и свет надвор од насилството на државите и границите – свет каде што припадноста се дефинира со грижа, взаемна помош и правда, наместо со наметнати идентитети и исклучување.
  • Недискриминација е основен правен и етички принцип кој гарантира еднаков третман и заштита од неправедно постапување врз основа на пол, род, етничка припадност, раса, релгија, сексуална ориентација, родов идентитет, попреченост, социоекономски статус и други основи. Недискриминацијата не се сведува само на формално еднакви можности, туку подразбира проактивни мерки за разрушување на структурната нееднаквост и елиминирање на историските и системските бариери што ги одржуваат маргинализираните заедници во подредена положба.

ЦЕЛИ

  • Усогласена, кохерентна и имплементирана легислатива и политика во функција на родовата еднаквост.
  • Обезбедени доволни и соодветно распределени финансиски и други ресурси за имплементација на законите и политиките.
  • Функционална, ефективна и ефикасна родова машинерија на национално и локално ниво.
  • Развиен систем за застапување на родовата еднаквост пред органите на регионално, централно и локално ниво.
  • Подигање на свеста во врска со постоечката стигматизација и маргинализација на жените и девјочињата во јавниот дискурс.
  • Генерирана експертиза во функција на јакнење на внатрешните и надворешните капацитети, за унапредување на родовата еднаквост.
  • Активни заложби за репродуктивно здравје и сексуална слобда преку Сеопфатно сексуално образование.
  • И покрај специфичноста и различноста во нашата работа, се обврзуваме да ги заштитуваме правата на сите жени, без исклучувачки пристап. Ако секоја една од нас не е слободна, тогаш ниту една од нас не е слободна.
  • Најсилно се противиме кон вклучување во активности на индивидуалци и групи, давање на нивен легитимитет, јавна поддршка, соработка или институционално преговарање коешто не е во бенефит на погоренаведните групи.
  • Овој вредносен документ којшто претставува патоказ за нашата работа е од суштинско значење за тоа какви релации ќе градиме меѓу нас, но и како ќе ја позиционираме работата на Платформата пошироко во македонското општество. Било какво прекршување на некоја од горенаведените точки ќе резултира со исклучување на членки од Платформата.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор