Adresar Horizontalna

Достапен е новиот Адресар со преку 6.500 активни граѓански организации во Македонија

Дали знаевте за Адресарот на граѓански организации во Македонија? Дали вашата организација е веќе дел од овој Адресар или сакате да ја додадете? Сега имате можност да го направите тоа! Ви го претставуваме Адресарот на граѓански организации, совршена алатка за сите кои сакаат да се информираат или поврзат со активните организации во државата.

Што нуди Адресарот?
• Основни податоци за повеќе од 6.500 граѓански организации кои се регистрирани во Централниот регистар на РМ
• Ажурни контакт информации (имејл, веб-страна, социјални медиуми)
• Лесно пребарување и листање на организации според сектори на делување, општини и региони

Што можете да направите?
Ако вашата организација недостасува или има погрешни податоци, лесно можете да ги додадете или ажурирате преку пополнување на едноставен формулар.

Зошто да го користите?
• Ја подобрува меѓусебната информираност и комуникација меѓу организациите
• Го олеснува вмрежувањето меѓу организациите
• Ја зголемува видливоста на организациите

Адресарот е достапен на e-платфромата на Цивика мобилитас. Користете го и поврзете се со нови можности за соработка и развој!

Продолжи со читање

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор