Gordan Georgiev

ГЕОРГИЕВ: НЕМАМЕ ПЛАН КАКО ДА ГО РАЗВИВАМЕ ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ

Гордан Георгиев е претседател на невладината организација ФРП, која како водечка организација спроведува проект за реформи во образовниот систем. Во ова интервју, Георгиев критички ја опсервира целата траекторија на образованието во Северна Македонија. Сите дефекти во образовниот систем ги гледа во немањето натпартиска анализа и стратегија и во политичките злоупотреби кои отсекогаш се случувале во Министерството за образование и наука. Долгорочниот пристап, вели Георгиев, е клучот во образованието. “Долгорочноста е клучот во образованието. Не случајно големите држави, демократските држави, најразвиените скандинавски држави имаат специјални тела кои што годишно ги ревидираат или условно кажано ги коригираат стратегиите, но стратегијата е таа, таа стои за 10, 15, 20 години“, вели тој. Се покажува, вели тој, дека глобалниот свет сè уште се заснова на знаење, и не на какво било знаење, туку на специфично знаење кое е поврзано со пазарот на трудот. Тој зборува и за големата продукција на дипломи, кои суштински се девалвирани на ниво на знаење, за Болоњскиот процес како и за одржливи решенија за суштинска реформа во образовниот систем.

Кои се главните дефекти што го попречуваат квалитетното високо образование во Северна Македонија?

Гордан Георгиев: Големо прашање е тоа! Прашањето е од каде да почнеме за дефектите. Тука се работи, иако изгледа флоскула, за системски решенија, за поставување на системот, кој во почетокот на  90-тите години беше поставен како наследство од бивша Југославија. И тоа се покажа како недоволно, не само за етничкиот моментот, што е важен, туку и поради новите реформи што ги налага ЕУ и воопшто новиот глобализиран образовен контекст. Македонија не се снаоѓа на тоа ниво. Пред се, ако треба да издвојам големи дефекти, тоа е дека немаме план, како држава, како политички елити, кои доаѓаат и си одат од власт. Ние немаме план како да го развиваме образовниот систем. И што се случува? Ќе дојде еден министер, една гарнитура на власт и вели јас го сакам овој концепт. Одиме со тој концепт. Ќе заврши мандатот од четири години, и доаѓа нов министер кој вели – ние друг концепт ќе правиме. Образованието, здравството, социјалата се темелни прашања за една држава, столбови. Тие не смеат да бидат тема на партиски ставови, туку треба константни политики на ниво на држава, каде политичките елити, на ниво на партии, на ниво на експертиза да се договорат што е потребно и истото да го испочитуваат. Со секој нов министер имаме нова реформа, и колку што знам во министерството има еден куп стратегии образовни кои стојат во фиока, и некој ги вади по потреба а некој создава нови.

Првата работа, мислам дека треба да се широк консензус, каде големите партии, македонски и албански, ќе се договорат дека оваа ќе биде носечкиот столб на реформите. Тоа досега не е направено и сите бегаме од тоа. Се плашам дека тоа новата власт нема да го направи. Имаме во просек послаби студенти кои се запишуваат, во просек имаме послаби студенти кои завршуваат и добиваат дипломи. Не само на додипломски, туку и на мастер и докторски студии, дипломи кои на пазарот на трудот вредат само како парче хартија. Но тоа не продуцира знаење. А згора на се, имаме инертност кај академскиот кадар. Од една страна, имаме академски кадар во приватните универзитети, кој е платен колку што е платен, релативно малку е платен. Втората работа, на државните универзитети, имаме огромен проблем со дисперзирани студии, кои ни останаа од времето на Груевски, и направија тотална разорност во образовниот систем. Тие создадоа многу пунктови кои не даваат квалитет, а создаваат дипломи. Кога ќе се појавите вие со вашата диплома на пазарот на труд, и конкурирате со некој што има подобра диплома и повеќе знаење, вие на исто ниво сте. Работодавачот, особено ако партиски е поврзана работата, ќе ве препознае по друга линија, а не по образовна, академска или по линија на знаење. Сега ова не се мали проблеми, не се мали теми, огромни се. Но, ние мора да седнеме и да се договориме што можеме да направиме, бидејќи Македонија каска буквално на сите рангирања на квалитативно образование.

Зошто не можеме да излеземе од овој круг на постојано повторување на истите дефекти?

Гордан Георгиев: Tемата на долгорочност на реформите бара договарање дека ова ќе го правиме во следните 10-15 години и дека нема да одиме  лево-десно од тоа. Секој нов министер, кој ќе го наследи од претходниот, треба да продолжи од таму до каде стигнала реформата, а не од ново да почнува. И сега проблемот што е? Министерството за образование е важно министерство, но партиите често го гледаат како плен за привлекување и мобилизирање на партиската база, или за контрола на процесот, а не како можност да се реформира процесот. И затоа велам дека долгорочноста е клучот за реформи во образованието. Не случајно големите држави, демократските држави, како скандинавските држави, имаат специјални тела кои што годишно ги ревидираат или условно кажано ги коригираат стратегиите. Но, стратегијата е таа – важи за 10, 15, 20 години.

Цело време се бележат лоши резултати на меѓународните рангирања. Каде стои проблемот според вас?

Гордан Георгиев: Проблемот е тоа што го спомнав претходно, но имаме проблем и со одливот на мозоци. И тоа станува приличен сериозен проблем. Последниве години луѓето заминуваат од Македонија, – и Македонци и Албанци, Турци, – по работа што не бара висока квалификација. Сега добрите деца, добрите студенти, веднаш по завршување на средното училиште гледаат да заминат во странство. Заминуваат за работа или да си го продлабочуваат знаењето во подобар универзитет во Европа. Словенија, Германија и други земји веќе имаат програми за привлекување на македонски студенти. Значи најдобрите или наоѓаат работа или универзитет за студирање, каде по дипломирањето остануваат таму. И гледајте кој парадокс – ние ги образуваме децата од основно, средно, факултет и магистерски, создаваме готов производ условно кажано за пазарот на труд, и после заминуваат без никаква трага или можност да се вратат.

Колку е консолидиран и колку Болоњскиот процес се спроведува во Северна Македонија?

Гордан Георгиев: Имаше отпор од академската заедница, пред се од државните универзитети. Болоњскиот процес е далеку од совршен. И во Европа се актуелни дискусиите на тема Болоњскиот процес, практично дали  ги исполнил очекувањата. Да, мобилноста е една од клучните работи кој што многу придонесе во комуникацијата, развивање на вештини, знаења на студентите ширум Европа, но типот на образование што се нуди може да се проблематизира. Кај нас не беше тоа случај. Ние имаме конзервативни „џебови“ на универзитети кои едноставно не сакаат да бидат подложени на таков тип на критериуми. И ова создава проблем, отпор. Ако мобилноста ја гледаме од аспект на нострификацијата на дипломите, може да кажеме дека кај нас тоа оди како да сме во 80-тите години на минатиот век. Јас сум еден од тие дипломирани кој се вратил од студии од Франција и Англија и сум имал потреба да ги нострифицирам моите дипломи. Беше тоа пеколен пат бидејќи треба да одите од една на друга канцеларија.  Ви бараат куп документи. Тоа во Словенија, со кое можеме да компарираме, оди многу едноставно. Значи нострификацијата се прави дигитално, има информациски системи кој веднаш ги препознава дипломите од каде доаѓаат, и немате потреба да одите низ таква бирократска голгота. Не се виновни луѓето што работат на нашите институции. Тоа е прашање на менаџирање од старана на министерството, високо раководните функции во министерството. Јас се плашам дека има приземни мотиви за нефункционирање на мобилноста и нострификацијата, затоа што има луѓе во разни институции, не само во министерството, кои што ја гледаат оваа голгота како практикување на моќ на микро ниво. И тоа е проблем. Некои од тие луѓе се способни и би можеле да бидат корисни во олеснувањето на процесот, а не во спротивното.

Како да се премине од „политички“ реформи кон реформи засновани на експертиза?

Гордан Георгиев: Мојот впечаток е дека Министерството за образование, како клуч за спроведување на реформите, често не се сваќа сериозно од страна на партиите или често е монета за поткусурување  во коалициските договори. Македонските големи партија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се залагаат за големи реформи во образованието и нудат таква програма, за потоа во коалициски преговори да ја отстапат на коалиционен партнер, или на министер кој нема таков капацитет. Незамисливо бил во минатото, особено во почетокот на 90-ти години, министерот за образование да не биде најмалку доктор на науки. Како вие ќе спроведувате реформи во образованието ако не сте од областа или ако не можете да комуницирате на исто ниво со вашите колеги во образовниот систем. Затоа, мислам дека експертизата во Министерството за образование постои, постојат луѓе на раководните функции кои ја знаат работата, но треба да се мотивираат и мобилизираат. Се разбира дека политичкиот такт го дава министерот, но важно е колку целата влада и премиерот ќе го поддржат.

Кластерот 3 во преговарачкиот процес ги дефинира реформите што мора да се направат во образованието. Исто така првиот кластер. Колку капацитет има земјата да ги исполни овие стандарди?

Гордан Георгиев: Прво, ние има буџетски проблеми. Буџетот на Министерството за образование е голем, но прашање е колку тој реалистично стига до крајните корисници, учениците или студентите, и  до академскиот кадар. Темата околу поврзување на кластерите, она што бара и ќе бара ЕУ од нас, пред се е во делот на иновација, инвестициите во науката. Ние, ако не се лажам, издвојуваме само 0.3 до 0.4 проценти од буџетот за  инвестиции во науката, додека развиените држави инвестираат 2 или 3 проценти. Тие се големи разлики на годишен буџет. Се покажува дека глобалниот свет, таков како што го знаеме сега, сè уште е базиран на знаење. Не само на било какво знаење, туку на специфично знаење, кое е поврзано со пазарот на трудот. Ние мора да ги следиме светските трендови, од кои некои се добри а некои можеби не се добри. Но, тука ние мораме да бидеме во дослух и цело време да комуницираме на стручно ниво со Европската комисија за да можеме да видиме во кој дел Македонија треба да се насочи,  за да може да продуцира не само квалитетни кадри, туку и кадри што можат да најдат место на пазарот на трудот. Во овој момент, тоа го покажува и нашиот проект, е дека комуникацијата помеѓу образованието и бизнис секторот е речиси никаква. Од една страна имаме образование кое е инертно и од кое што ни бегаат студентите, и имаме бизнис сектор кој што изгледа дека е самодоволен, како да не им требаат таков тип на кадри. Затоа, многу е важно комуникација со бизнис секторот, особено со тој кој има потреба од високо квалификувани стручни кадри. Не треба само да ги продуцираме надвор од Македонија па да чекаме дали ќе се вратат, туку тие кадри ка ги создаваме и во Македонија, да ги препознаеме, да инвестираме во нив, за на крај да може да ги вградиме во економските текови. За мене ова е клучен предизвик за во иднина. Мислам дека полека и стопанските комори, и бизнисот, особено оние кои се извозно ориентирани, кон иновации, го сфаќаат сериозно овој тип на преплетување помеѓу образованието и бизнис секторот.

Потребата од реформи е постојано нагласена. Каде да се започне?

Гордан Георгиев: Треба да седнеме на маса сите засегнати странки. Тоа значи академијата, државните, приватните универзитети, каде што има голем дел од вината, ако можеме да кажеме вина, бидејќи нивната цел за профит е една работа, но нивната општествена одговорност да продуцираат квалитетни кадри, е друга работа. Не зборувам за сите приватни високообразовни институции. Има еден друг тип на приватни универзитети кои прават баланс помеѓу профитот и квалитетот, а тоа мора на некој начин да се заузда. И таа дискусија мораме да ја направиме. Политичките елити се плашат да влезат во таа дискусија. Зошто? Затоа што губат потенцијални гласови, бидејќи се работи за многу вработени. Голем дел од нив се неквалитетни кадри, не само со проблематични дипломи, туку со проблематично знаење кое што треба да се пренесе, а која е поважно од дипломата. Во овој свет генерално имаме девалвација на дипломите, имаме многу продукција на дипломи, секакви, и магистерски и докторски, но во суштина се девалвирани на ниво на знаење. Биг-бенгот за мене е седнување на маса на сите општествени чинители и долго разговарање и доаѓање до договор. Треба заедно да излеземе и да кажеме – луѓе, ова е планот за кој се согласивме, вака ќе ја тераме реформата. Тоа треба да биде Библијата и Куранот за високото образование или општо за образованието.

Како да се усогласат универзитетските програми со пазарот на трудот. Посочено е дека има несовпаѓање, јаз, кој постојано расте?

Гордан Георгиев: Има несовпаѓање, и тоа е логично не само во Македонија, бидејќи пазарот на трудот се менува. Со технологијата и со вештачката интелигенција се менуваат потребите на пазарот на труд повеќе од претходно, многу повеќе од пред 90-тите, кога немаше интернет и овој вид на комуникација. Тоа значи дека мора да постои некое тело што ќе го следи ова. Тоа тело треба да биде стручно, надпартиско, каде нема да има влијание партијата, министерот или кој да е раководен орган. Тоа тело на краток рок, од две до десет години, кога ќе ги транспонирате образовните реформи, да проценува каде се недостатоците. Словенија го прави тоа перфектно. Ќе ви кажам еден пример. Словенија продуцира  16 до 20 стоматолози годишно, на ниво на диплома, а Македонија преку 200 годишно. Значи Словенија проценила дека толку и требаат годишно, за да не се преоптоварува пазарот. Македонија не ја направил таа проценка и само дава дипломи, создава стоматолози, кои потоа остануваат изгубени на пазарот на трудот, отвораат приватни ординации и не можат да продуцираат квалитет. Тој тип на анализа е многу важен. Ако не го направиме за секој сектор, нема да можеме да знаеме каде сме и зашто ни бегаат луѓето. Притоа, ако видиме дека има дефицит на кадри во одредени области, тогаш ќе мотивираме тој тип на студиски програми, а не по секоја цена да создаваме премногу кадри во одредена област, кои што на крајот нема да можат да си најдат работа. Овој тип на опсерваторија може да и даде на политиката, на политичките лидери, точни информации каде што може да се калибрираат реформите. Тоа би било многу корисно за сите. Се надевам дека тоа ќе се случи во иднина, а новата влада ќе има свест за тоа, бидејќи губиме луѓе. Добрите луѓе што заминуваат не се враќаат, оние што немаат квалитет остануваат, иако не може да се снајдат на пазарот на трудот.

Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.  

Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор