Screenshot 2024 10 03 At 6.31.15 am

Покана за тематски форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“

Фондација Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, на 16 октомври 2024 година организираат тематски форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ со почеток од 10:30 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (Скопје). Агендата за форумот е достапна тука.

Сузбивањето на корупцијата е од суштинско значење за зајакнување на довербата во локалната самоуправа, заштита на демократијата и доброто управување на локално ниво. Корупцијата е препознаена како најголем проблем од страна на граѓаните, а дигиталните технологии нудат голем потенцијал за нејзино намалување преку зголемување на транспарентноста. Ова бара поголема отвореност на локалната самоуправа и активна соработка со заедницата.

Преку форумот, нашата цел е да поттикнеме акција против корупцијата, обединувајќи претставници од локалната самоуправа, граѓански организации, активисти, експерти, граѓани и медиуми во заедничка борба заснована на инклузивност и соработка.

На настанот ќе бидат претставени резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година и ќе се дискутираат добрите практики и предизвиците за потранспарентна локална самоуправа со цел зголемување на довербата на граѓаните и искоренување на корупцијата. Дополнително, ќе бидат дискутирани придобивките од дигитални технологии во зголемување на транспарентноста на локалната самоуправа и учеството на граѓаните во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, преку дигиталната алатка мЗаедница.

Настанот ќе се одвива на македонски јазик со присуство од 40 учесници во Граѓански ресурсен центар (Скопје) и со обезбеден пренос во живо преку фејсбук страницата на Фондација Метаморфозис.

Сите заинтересирани за учество на настанот треба да се регистрираат на следниот линк најдоцна до 10 октомври 2024 година: https://forms.gle/BFg9zi2ZGLhXByE86 Поради ограничени капацитети во просторот, местата за физичко присуство се ограничени.

За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат подмирени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет со задолжително доставување на оригиналната патна документација, и тоа автобуски или возен билет со фискална сметка или фискална сметка за гориво и патарини (доколку на тој патен правец има патарини). Приложената патна документација мора да биде со датум на самиот настан или максимум еден ден претходно. Патната документација со датум неколку дена пред/по настанот нема да биде признаена.

Забелешка за приватност: Настанот ќе се снима и ќе се пренесува во живо преку фејсбук страницата на Фондација Метаморфозис, а снимката ќе биде споделена на веб-страниците и социјалните медиуми на проектните партнери. Фотографиите направени за време на настанот ќе бидат промовирани на веб-страниците и социјалните медиуми на проектните партнери, и ќе бидат доставени до донаторот заради цели на проектно известување.

Тематскиот форум е овозможен со поддршка на Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас во рамките на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)“ спроведуван од Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21.

Оградување: Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор