Bannerbiootpad.png

Анкета во рамките на проектот „ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ОРГАНСКИ ОТПАД“

Во рамките на проектот започнавме со спроведување на електронска анкета за анкета за утврдување на знаењето на населението за штетниот ефект од биоразградливата компонента на био-отпадот и степенот на познавање на начините за постапување со органскиот отпад, што се генерира во домаќинствата. Анкетата е насочена кон сите граѓани на територија на Град Скопје и Скопскиот плански регион, со посебен фокус на жителите на Општина Кисела Вода, Општина Карпош и Општина Ѓорче Петров.

За повеќе прашања и информации поврзани со анкетата, ве замолуваме да не контактирате на 078/430-251 и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Флорозон – Центар за еколошка демократија и Еко Логик во јули 2024 год. започнаa со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите, да резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво.

Содржината на објавата е единствена одговорност на Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор